Заменка
(Пренасочено од Заменки)
Примери |
---|
|
Заменките (латински: pronomen) сочинуваат една од неменливите зборовни групи. Заменките се зборови кои ги заменуваат именките или именските фрази. Зборот кој заменката го заменила се нарекува претходник.
За подобро илустрирање на функцијата на заменките е земена следната реченица:
- „Марија му го дала моливот на Петар“.
Сите именки во оваа реченица може да се заменат со соодветна заменка и се добива следното:
- „Таа му го дала тоа на него.“
Реченицата со заменки е тешко разбирлива и не може лесно да се одреди што сака зборувачот да каже, освен ако именките не биле споменати во претходните реченици од текстот или разговорот.
Видови заменки
уредиКласификацијата на заменките е следната:
- лична заменка - заменкa којa заменува имe на лице или предмет.
- подметна заменка е заменка која го заменува подметот во реченицата.
- формално и неформално обраќање - ова обраќање кон соговорникот разликува неформално (со употреба на заменката „ти“) и формално (со употреба на „вие“).
- инклузивна и ексклузивна заменка „ние“ - опфаќа кои групи или поединци се опфатени во говорот. Ова го нема во македонскиот јазик.
- интензивна заменка или познати како „нагласени заменки“ даваат нагласување на именката во реченицата која веќе била напомената.
- предметна заменка се користи да се замени именката која е предмет во реченицата.
- предлошка заменка се користи после предлогот во реченицата.
- дисјунктивна заменка се користи како изолирана или во посебни контексти.
- експлетивна заменка се користи во случаи каде мора да има заменка/ именка.
- слаба заменка
- подметна заменка е заменка која го заменува подметот во реченицата.
- присвојна заменка се користи да се искаже присвојност.
- показна заменка се користи да се покаже нешто.
- неопределена заменка се користи да се искаже нешто што не е определено.
- дистрибутивна заменка се користи да се посочат единките во една група одделно, не како целина.
- Негативни заменки се користат да се искаже негацијата во реченицата.
- односна заменка се користи да се означат лица или предмети кои веќе биле споменати во претходниот текст/ разговор.
- прашална заменка се користи за прашални реченици.
Заменки во македонскиот јазик
уредиЗаменките во македонскиот јазик се делат на три групи: лични заменки, лично-предметни заменки и показни заменки.
Лични заменки | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
број | лице | подмет | директен предмет | индиректен предмет | ||||
без предлози | со предлози | |||||||
долга | кратка | долга | кратка
присвојна | |||||
еднина | I | јас | мене | ме | мене | ми | мене | |
II | ти | тебе | те | тебе | ти | тебе | ||
III | м.р. | тој | него | го | нему | му | него | |
ж.р. | таа | неа | ја | нејзе | ѝ | неа | ||
с.р. | тоа | него | го | нему | му | него | ||
множина | I | ние | нас | нè | нам | ни | нас | |
II | вие | вас | ве | вам | ви | вас | ||
III | тие | нив | ги | ним | им | нив |
Поврзано
уредиОваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |