За среќа се потребни тројца
„За среќа се потребни тројца“ (српски: За срећу је потребно троје) — југословенски филм на режисерот Рајко Грлиќ од 1985 година по сценариото на Дубравка Угрешиќ. Главните улоги ги толкуваат: Предраг Мики Манојловиќ, Мира Фурлан, Богдан Диклиќ, Ксенија Пајиќ, Миодраг Кривокапиќ, Витомира Лончар итн.[1]
Синопсис
уредиЕден човек (го игра Манојловиќ) од очај се обидува да ограби банка со пластичен пиштол. По излегувањето од затворот, тој среќава две сосема различни жени и со нив стапува во љубовна врска. Така започнува љубовниот триаголник во кој постојано се испреплетуваат емоциите и парите...