За возвишеното и убавото

„Философско иследување на потеклото на нашите претстави за возвишеното и убавото“ (анг. A Philosophical Enquiry into the Origin of Our Ideas of the Sublime and Beautiful) — расправа за естетиката од британскиот филозоф и општественик Едмунд Берк, напишана во 1757 г. Делото го привлекло вниманието на најважните европски мислители како Дени Дидро и Имануел Кант.

Филозофско истражување за потеклото на нашите идеи за возвишеното и убавото
Филозофско истражување за потеклото на нашите идеи за возвишеното и убавото

На кратко, „Убавото“, според Берк, е она што е добро обликувано и естетски пријатно, додека „Возвишеното“ е она што има моќ да нè принуди и да нè уништи. Склоноста кон Возвишеното за сметка на Убавото подоцна го бележи преодот од неокласичниот кон романтистичкиот период.

Според Бер, потеклото на нашите претстави за убавото и возвишеното, може да се сфати по пат на целните структури. Според Аристотеловата физика и метафизика, причинско-последичниот однос може да се подели на формална, материјална, делотворна, и крајна цел. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; материјалната причина се однесува на извесни атрибути како малост, мазност, нежност итн.; делотворната причина е успокојување на нашите нерви; крајната цел е Божјето провидение. Карактеристично и мошне оригинално за гледиштето на Берк е тоа што тој ја гледа убавината на начин кој не може да се претстави со традиционалните сфаќања за убавината: сразмерност, прилегање или совршенство. Возвишеното исто така има причинско-последична структура поразлична од онаа на убавината. Нејзината формална цел е стравот (особено стравот од смрт); материјалната цел исто така се однесува на атрибути како огромност, бесконечност, величественост, итн.; делотворната цел е напрегање нанашите нерви; крајната цел е Бог кој го создал и се бори со Сатаната, според искажувањето на Милтон во неговата голема епопеја „Изгубениот рај“.

Берк бил првиот кој дал целосно филозофско излагање за одделувањето на возвишеното и убавото во свои рационални категории.

Коментарот на Кант

уреди

Германскиот филозоф Имануел Кант се искажувал пофалбено за Берк бидејќи тој не тврдел дека ги знае причините (целите) на умствените дејства што се одвиваат при искусувањето на убавото или возвишеното. Според Кант, Берк ги имал собрано податоците и информациите за некој иден мислител да може да ги објасни причините (целите).

Вршењето на психолошки набљудувања, како оние на Берк во неговата расправа за убавото и возвишеното, и со тоа собирање материјал за систематско поврзување на емпириски правила во иднина, притоа без намера истите да бидат разбрани — тоа е веројатно единствената вистинска должност на емпириската психологија, која ни оддалеку не може да се смета за филозофска наука.

—Имануел Кант, Прв вовед во „Критика на расудувањето“, X.[1]

Наводи

уреди
  1. Kant, Immanuel, First Introduction to the Critique of Judgment, Library of Liberal Arts, 146, Bobbs-Merril Co., 1965

Надворешни врски

уреди
 
Викиизвор
Викиизворот на англиски има изворна содржина поврзана со оваа статија: