Замената на Хадсакер (филм)

„Замената на Хадсакер“ (англиски: The Hudsucker Proxy) - американски филм од 1994 година, во режија на браќата Коен (како режисер е потпишан само Џоел Коен, додека Етан Коен е наведен како продуцент). Автори на сценариото се браќата Коен и Сем Раими. Улогите ги толкуваат: Тим Робинс, Пол Њуман, Џенифер Џејсон Леј, Џон Гудман, Стив Бушеми, Џим Тру, Бил Кобс итн.[1]

Синопсис

уреди

Во декември 1958 година, Норвил Барнс (го игра Робинс), кој штотуку дипломирал на еден провинциски колеџ, пристигнува во Њујорк, барајќи работа, но сите фирми бараат луѓе со претходно искуство. Сепак, тој успева да се вработи во големата фирма „Hudsucker Industries“ како разнесувач на поштата. Набргу, основачот и директорот на фирмата извршува самоубиство, скокајќи до прозорецот за време на еден деловен состанок. Сидни Масбургер (го игра Њумен), член на одборот на директори, прави план фирмата да постави неспособен директор, со цел да падне цената на акциите и тој и неговите соработници евтино да ја купат фирмата. Во една прилика, кога Барнс му носи писмо на Масбургер, тој одлучува да го постави Барнс за директор, сметајќи дека е идиот. Новинарката Ејми Арчер (ја игра Џејсон Леј) добива задача да дознае кој е Барнс и се вработува како негова секретарка. Набргу, Барнс на директорите им ја претставува својата идеја за производство на нов производ - хула хоп, а Масбургер го поддржува, сметајќи дека таа ќе биде целосен неуспех. Меѓутоа, потрошувачите масовно го купуваат новиот производ и Барнс станува славен. Масбургер го открива вистинскиот идентитет на Ејми и му ја кажува вистината на Барнс, кој доживува големо разочарување. Истовремено, Масбургер настојува да докаже дека Барнс е луд со цел да издејствува да биде затворен во душевна болница. За време на новогодишната ноќ, Барнс се обидува да изврши самоубиство, скокајќи од деловната зграда, но го спасува основачот на фирмата (претворен во ангел), кој го наведува Барнс да го прочита писмото во кое порачува акциите на фирмата да му припаднат на неговиот заменик. Така, Барнс станува мнозински сопственик на фирмата, а Масбургер се обидува да изврши самоубиство, но го фаќаат и го носат во душевна болница. Барнс и Ејми се помируваат, а тој измислува нов производ - фризби.

Наводи

уреди