Чепкалка за заби

(Пренасочено од Забочепкалка)

Чепкалка за заби е парче пластика или дрво кое се користи за остранување на остатоци помеѓу забите, обично по јадење. Има еден или два остри краја кои се вметнуваат меѓу забите.

Чепкалки

Незаменливоста и потребата од чепкалки е очигледна од фактот што чепкалката е постојана компонента на Швајцарскиот војнички нож.

Историја

уреди

Чепкалките постојат со илјадници години; тие се најстарите алатки за чистење заби, и се користат во сите култури. Пред измислувањето на четката за заби, луѓето ги чистеле забите со тврди и меки забни дрвца. Во северна Италија и источните Алпи се пронајдени чепкалки во гробници од праисториско време. Чепкалката нашироко се користела и во Месопотамија.

Според едно предание тиранинот Агатокле бил убиен во 289 п.н.е. преку бавнодејствителен отров, кој неговиот омилен роб му го подметнал на чепкалка за заби.

Постојат нежни украсни примери за чепкалки од антиката, како и чепкалки направени од мастиково дрво, во употреба кај римјаните.

Во XVII век постоеле и чепкалки кои биле лукзузни и декоративни, сметани за накит. Овие биле направени од скопоцен метал со вградени драги камења, уметнички стилизирани и емајлирани.

Денес со доаѓањето на современата заботехника, чепкалките се заменуваат со забен конец и четки за заби. Меѓутоа луѓето сè уште најактивно користат дрвени или бамбусови чепкалки за заби по оброците.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди