Забајкалски национален парк

Забајкалски национален парк (руски: Забайкальский национальный парк) се протега на средниот дел од источниот брег на Бајкалското Езеро, западните падини Баргузинскиот ланец на исток, Ушкани острови и најголемиот полуостров на езерото Свети Нос. Од 2690 км2 површина на паркот, 38,8 км2 се заштитени водни области во езерото.[1]

Забајкалски национален парк
МСЗП — Категорија II (национален парк)
МестоБурјатија Русија Русија
Најблизок градУлан Уде
Површина269,000 ha
Воспоставен(а)1986 година
Управно телоМинистерство за природни ресурси и животна средина на Русија

Топографија

уреди

Забајкалски се граничи на запад со бреговите на Бајкалското Езеро, на север со природниот резерват Баргузин (строго заштитен природен резерват од скоро иста површина како и Забајкалски), на југ и исток со планинскиот венец Баргузин. Највисокиот врв во паркот е Мт. на Бармашова висина 2376 м.[2]

Подрачјето на паркот е многу стрмно, 55% од паркот е на падина од повеќе од 26 степени, а дополнителни 28% е помеѓу 16 и 25 степени.[1]

 
Полуостровот Свети Нос (десно) е подводно поврзан со Академскиот гребен со островот Олхон на југозапад.

Полуостровот Свети Нос е долг 53 km и широк 35 km, со својот планински комплекс, чиј највисок врв е 1877 m. Островските планини се пошумени со бреза, ариш и рододендрон. Постојат неколку десетици планински потоци и извори, а поврзан е со копното со Чивиркујска превлака. Островот е познат по својот прекрасен поглед на езерото (што овозможува висок централен поглед кој се протега од планината преку езерото од сите страни), како и неговиот „пејачки песок“ на Мароковската плажа, т.н. поради звукот што се слуша одејќи по неа.[3]

Ушкани островите во средината на езерото се дел од Забајкалскиот парк. Тие се источен крак на потопениот Академски гребен, кој го дели Бајкалското Езеро на северен и јужен басен. На западната страна на езерото, Академскиот гребен повторно се издига над водата во форма на островот Олхон, кој е дел од Прибајкалскиот национален парк. Ушкани е архипелаг од 4 острови со површина од 10 км2. Тие се познати како живеалиште на бајкалските фоки. Островите се мермерни и варовнички и содржат пештери со докази за живеење на луѓето од неолитскиот период.[4]

Екорегион и клима

уреди

Паркот се наоѓа во западносибирската тајга, помеѓу реките Енисеј и Лена. Четинарската вегетација е доминантна, а регионот е многу богат со минерали. На подрачјето на Забајкалски владее субполарна клима (Кепенова класификација на климата (Dwc)). Се одликува со долги, многу студени зими со малку снег и свежи лета. [5] Езерото, до одреден степен, го ублажува ефектот на субарктичката клима, но постудено е на планините. Годишно врне од 450 mm (во крајбрежниот дел) до 550 mm (на планините) дожд. Ветровите дуваат од западен и југозападен правец .[6]

Бајкалско језеро, Бурјатија, Русија
Климатограм
ЈФМАМЈЈАСОНД
 
 
&100000000000000130000001,3
 
&09999999999999990999999−9
&09999999999999971999999−28
 
 
&100000000000000090000000,9
 
&100000000000000000000000
&09999999999999976999999−23
 
 
&100000000000000010000001
 
&1000000000000002100000021
&09999999999999994999999−5
 
 
&100000000000000110000001,1
 
&1000000000000004000000040
&1000000000000001800000018
 
 
&100000000000000130000001,3
 
&1000000000000005700000057
&1000000000000003200000032
 
 
&100000000000000180000001,8
 
&1000000000000007100000071
&1000000000000004400000044
 
 
&100000000000000020000002
 
&1000000000000007500000075
&1000000000000005200000052
 
 
&100000000000000170000001,7
 
&1000000000000007000000070
&1000000000000004800000048
 
 
&100000000000000150000001,5
 
&1000000000000005600000056
&1000000000000003500000035
 
 
&100000000000000170000001,7
 
&1000000000000003800000038
&1000000000000001900000019
 
 
&100000000000000150000001,5
 
&1000000000000001500000015
&09999999999999996999999−3
 
 
&100000000000000140000001,4
 
&09999999999999996999999−3
&09999999999999978999999−21
Прос. мин. и макс. температура во °C
Вкупно врнежи во мм


Флора

уреди

Пошумувањето е одлично. Шумите се претежно иглолисни. 34% од областа на паркот е окупирана од бор, 30% од сибирски џуџест бор, 14% од сибирски бор, 9% од ариш . Околу 10.000 хектари се наоѓаат под стари дрвја.

Во паркот живеат животни типични за јужносибирската шума, мечка, волк, лисица, рис, видра, див зајак, верверица, лос, 249 видови птици, вклучувајќи го и големиот корморан. Во текот на летото, водите на Бајкалското Езеро ги посетуваат околу 3.000 бајкалски фоки. [7] Камчатскиот мрмот може да се најде на алпските ливади. Островот Болшој Ушкани е познат по најголемата концентрација на големи мравјалници во Русија - илјадници кои се издигаат над 1,5 m во висина.

Туризам

уреди
 
Бајкалско Езеро

Многу се работи за промоција на туризмот. Некои делови од паркот бараат посебни дозволи (поради опасниот терен). За разни пешачки и рекреативни места во паркот, дневен билет може да се набави на влезот.[6] Во зима, риболов на мраз или крос-кантри скијање по должината на брегот е многу популарен. Што се однесува до сместувањето, постојат бунгалови и пловечки еко-хотел . [8]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Zaybaybalsky National Park (Official Park Site)“ (руски). FGBU Joint Directorate Barguzin State Nature Biosphere Reserve and the Trans-Baikal National Park. Архивирано од изворникот на 2016-02-05. Посетено на 27 јануари 2016.
  2. „Zaybaybalsky National Park“ (руски). Посетено на 27 јануари 2016.
  3. „Svyatoy Nos Peninsula“. Baikal-Raduga. Архивирано од изворникот на 2016-02-05. Посетено на 27 јануари 2016.
  4. „Ushkany Islands“. Baikal-Raduga. Архивирано од изворникот на 2016-02-05. Посетено на 27 јануари 2016.
  5. „Global Species : Climate Data for Latitude 53.75 Longitude 109.25“. globalspecies.org. Архивирано од изворникот на 2 февруари 2016. Посетено на 22 декември 2018.
  6. 6,0 6,1 „The Svyatoy Nos peninsula (Holy Nose)“. www.baikal-raduga.com. Архивирано од изворникот на 2016-02-05. Посетено на 22 декември 2018.
  7. „Забайкальский национальный парк ● Каталог ООПТ ● Особо Охраняемые Природные Территории (ООПТ)“. www.zapoved.ru. Посетено на 22 декември 2018.
  8. „Ushkany Islands (Ushkanii Isles)“. www.baikal-raduga.com. Архивирано од изворникот на 2016-02-05. Посетено на 22 декември 2018.

Надворешни врски

уреди