Забавен дворец (Москва)
Забавниот дворец (руски: Потешный дворец) е објект кој се наоѓа во Московскиот кремљ, помеѓу Управителната кула и Троицка кула.
Забавна палата Потешный дворец | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Московски кремљ, Москва |
Земја | Русија |
Почната | 1652 |
Оваа зграда била изградена во 1652 година, а била во сопственост на Иљја Данилович Милославски[1] , кој бил татко на Марија Милославскаја, сопруга на Алексеј I Руски. По неговата смрт во 1669, објектот преминал во сопственост на државата. Во следните години, тој се користел како театар, исклучиво за царските потреби. Од 1679, кога се населиле членовите на кралското семејство, палатата била проширена и делумно изградена. Во времето на Петар Велики, во зградата се наоѓала канцеларијата на московскиот началник.