ЗПЗП Козјак 2013
Здружение на планинари и заштита на планината (ЗПЗП) Козјак 2013 ― планинарско здружение со седиште во Куманово, Македонија. Здружението постои од 2013 година. Цел на здружението е организирање на планинарски тури, еколошки и хуманитарни акции.
Кратенка | ЗПЗП Козјак 2013 |
---|---|
Основана | 11 јули 2013 година |
Вид | Здружение |
Цел | Планинарска, еколошка и хуманитарна организација |
Место | Куманово, Македонија |
Главно тело | Извршен одбор |
Мреж. место | https://www.facebook.com/profile.php?id=100057418759317 |
Историја
уредиЗдружението е создадено од страна на 6 планинари ентузијасти на 11 јули 2013 година во Куманово. Идејата за создавање на здружението произлегла од потребата за поразлично функционирање и организирање од претходното Планинарско друштво Козјак.
Првата традиционална акција била одржана во март 2014 на релација Пелинце-Големи Уши-Китка-Малотино-Кокино (Татиќев Камен). Учество земале повеќе од 600 планинари од различни градови на Македонија, Србија и Бугарија.
Планинарски акции
уредиТрадиционални планинарски акции
уредиСекоја година од создавањето, клубот организира неколку традиционални акции на планината Козјак и во Кумановско.
Една таква акција е по повод Меѓународниот ден на жената, која е одржувана на местото Бислимска Клисура со поаѓање од селото Пчиња.[1]
Во календарот на активности спаѓа и традиционално пошумување по повод Денот на ослободување на Куманово, 11 ноември.
Козјак 2013 има организирано искачувачки активности по повод Денот на народното востание, 11 октомври.[2]
Планинарски акции
уредиЗдружението редовно организира планинарски акции и тури. Вообичаено се организирани еднодневни викенд акции на неделно ниво. Секоја недела обично има најмалку 1 акција, често и по неколку тури истовремено. Со тоа што, тежината на турите варира за да можат и почетниците да се вклучуваат.
Планинарски водичи
уредиЗдружението има вкупно 10 професионално обучени водичи. Од кои 1 со категориите А1/Б1, и останатите 9 водичи имаат Б1 категорија на стручна спрема.
Членови
уредиЗдружението има 106 членови. Секоја година бројот на членови расте и нови и млади планинари и планинарски се приклучуваат на здружението.
Соработки
уредиЗПЗП Козјак 2013 е збратимено здужение со српското здружение „Рунолист“ од Јагодина.
Организација на здужението
уредиСо здружението управува извршниот одбор кој е избран од страната на членовите. Секои 2 години е одржувано гласање на кое се избираат членови на извршниот одбор и претседател на здружението.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Осмомартовска планинарска тура на Бислим“. Kumanovskimuabeti.mk преку vesti.mk. 1 март 2023. Архивирано од изворникот 2023-05-16. Посетено на 16 мај 2023.
- ↑ „Искачување на врвот Китка во рамки на Меѓународната клупска акција на Здружението „Козјак 2013"“. Канал 5. 13 октомври 2019. Посетено на 16 мај 2023.