Жофроа Вилардуен

француски витез и историчар

Жофроа Вилардуен (околу 1150 - околу 1212) ― француски великодостојник, историчар, главен извор за Четвртиот крстоносен поход, дипломат и маршал на Латинското Царство.[1]

Жофроа Вилардуен
Печатот на Жофроа Вилардуен - репродуциран од Луј Ле Клер
Историја - издание од 1585 година со оригинален текст и превод на француски од 16 век.

Актвно учествувал во Четвртиот крстоносен поход (1202-1204 година) и во формирањето на Латинското Царство. Во 1208 година го напишал делото „Освојувањето на Константинопол“, во кое ги опишал настаните од почетокот на 1198 година, па сè до 1207 година, кога бил убиен маркизот Бонифациј Монфератски, главниот водач на походот.[1]

Во споематиот труд дал драгоцени податоци за формирањето и за првите години од егзистирањето на Солунската крстоносна држава, основана од Бонифациј Монфератски.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 103. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)