Живино-манганска ѕвезда

Живино-манганска ѕвезда (HgMn-ѕвезда) — вид хемиски необична ѕвезда со изразена спектрална линија на 398,4 нм поради впивање од јонизирана жива.[1] Овие ѕвезди се од спектрален тип B8, B9 или A0, зависно од површинската температура која се движи од 10.000 до 15.000 K. Имаат две својствени особености:

Нивното вртење е релативно мало, и поради тоа нивната атмосфера е релативно мирна. Се смета (иако не е докажано) дека некои видови на атоми тонат под дејство на гравитацијата, а други се издигаат кон надворешноста на ѕвездата по дејство на зрачен притисок, што ја прави атмосферата разнородна.[2]

Список

уреди

Ова е список на најсјајните ѕвезди од оваа група.

Име[3] Бајерова или
Флемстидова ознака
Спектрален тип[3] Привидна
величина
[3]
Алферац α Андромеда B8IVmnp 2,06
Џенах γ Гавран A B8III 2,59
Маја 20 Бик B8III 3,87
χ Волк B9IV 3,96
Мулифен [4] γ Големо Куче B8II 4,10
φ Херкул[5] B9mnp 4,23
π1 Воловар B9p 4,91
ι Береникина Коса A0p 4,98
κ Рак A B8IIImnp 5,24
14 Стрела[5] B9p 5,89
Дабих[6] β Јарец B B9,5III/IV 6,10
HD 30963 B9 III 7,23
Елнат β Бик B7III 1,65
λ1 Вајар A[7] B9,5V 6,61
53 Кочијаш A B9 Mn 5,74

Наводи

уреди
  1. Mercury-manganese star Архивирано на 19 февруари 2014.. The Internet Encyclopedia of Science, David Darling. посет. 14 август 2008 г.
  2. Michaud, Georges (мај 1970). „Diffusion Processes in Peculiar A Stars“. Astrophysical Journal. 160: 641–658. Bibcode:1970ApJ...160..641M. doi:10.1086/150459.
  3. 3,0 3,1 3,2 Names, spectral types and apparent magnitudes taken from SIMBAD, except as noted.
  4. Muliphein Архивирано на 17 мај 2008., Stars, Jim Kaler. посет. 14 август 2008 г.
  5. 5,0 5,1 Adelman, S. J. (декември 1988), „Elemental Abundance Analyses with Coadded DAO Spectrograms - Part Five - the Mercury-Manganese Stars Phi-Herculis 28-HERCULIS and HR:7664“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 235 (3): 763, Bibcode:1988MNRAS.235..763A, doi:10.1093/mnras/235.3.763.
  6. Dabih Архивирано на 24 август 2006., Stars, Jim Kaler. посет. 14 август 2008 г.
  7. Monier, Richard; Niemczura, Ewa (17 мај 2022). „A newly discovered southern HgMn star: HD 4065A“. Research Notes of the AAS (англиски). 6 (5): 99. Bibcode:2022RNAAS...6...99M. doi:10.3847/2515-5172/ac6f62. ISSN 2515-5172. S2CID 248883987 Проверете ја вредноста |s2cid= (help).