Желински мост
стар мост во Желино, Тетовско
Желински мост — историски камен мост на реката Вардар во тетовското село Желино, прогласен за културно наследство на Македонија.[1]
Желински мост | |
---|---|
Поглед на Желинскиот мост | |
Координати | 41°59′13.4″N 21°03′35.3″E / 41.987056° СГШ; 21.059806° ИГД |
Преминува | Вардар |
Место | Желино, Тетовско |
Зашт. статус | културно наследство на Македонија |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Распони | 4 |
Историја | |
Завршен | 1845 |
Местоположба | |
Местоположба
уредиМостот е сместен на стариот главен пат од Полог за Скопје (Р1206), веднаш северно од Желино. На мало растојание североисточно е современиот мост на магистралата А2.
Историја
уредиИзграден е во 1845 година, по нарачка на полусамостојниот управник на Полог, Абдурахман-паша.[2]
Опис
уредиМостот има четири полукружни лакови со димензии од 7,75 до 11,40 м. Изработен е од добро изделкани камења. Ова важи за отворите и носачите, со исклучок на носачот на десниот речен брег, кој е направен од фин камен со различна големина и облик.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ Хаци Васиљевић, Јован (1938). „По Тетовској области“. Братство. Београд. XXIX: 179.
- ↑ Катанић, Надежда, Милан Гојковић (1961). Грађа за проучавање старих камених мостова и акведуката у Србији, Македонији и Црној Гори. Београд: Савезни институт за заштиту споменика културе. стр. 155.