Железничка станица Ереван
Железничка станица Ереван (ерменски: Երևան երկաթուղային կայարան) — железничка станица која се наоѓа во Ереван, Ерменија.
Железничка станица Ереван | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Железничка станица | ||||||
Општи информации | ||||||
Место | Ереван, Ерменија | |||||
Сопственик | Руски железници Јужно-кавкаска железница | |||||
Перони | 2 | |||||
Колосеци | 5 | |||||
Објект | ||||||
Паркинг | Да | |||||
Други информации | ||||||
Код на станицата | 567804 | |||||
Тарифна зона | 16 | |||||
Историја | ||||||
Отворена | 1902[1] | |||||
Електрифицирана | Да | |||||
Претходни имиња | Эривань (Erivan') (1902–1936) | |||||
Услуги | ||||||
|
Историја
уредиВо 1902 година првата железничка линија била изградена во Ереван, поврзувајќи ја со Александропол (Ѓумри) и Тифлис (Тбилиси). Во 1908 година, втората линија ја поврзала со Јолфа, Персија.
Зградата на станицата била изградена во 1956 година. Музејот на железничкиот транспорт на Ерменија бил отворен во станицата на 31 јули 2009 година.
Во 2010 година, Руските железници повторно го изградиле комплексот на станицата. За време на реновирањето, тие ја вратиле внатрешноста на станицата, воведувајќи LCD-екрани со информации за распоредот на возовите за патниците. Покрај тоа, поради значителното зголемување на патничкиот сообраќај, како и потребата да се обезбеди удобна околина при купување на билети, било одлучено да се подели просторот за меѓуградски и меѓународни возови. Дизајнот на просториите не го нарушил целокупниот архитектонски стил. Декорацијата била направена од природни и вештачки материјали идентични на оригиналот. Во зградата на станицата има хотел со соби за сместување[2].
Линии
уредиСлики
уредиНаводи
уреди- ↑ Железнодорожные станции СССР. Справочник. — М.: Транспорт, 1981
- ↑ South Caucasus Railway news