Жан-Пјер Симеон
Жан-Пјер Симеон (француски: Jean-Pierre Siméon; р. Париз, 6 мај 1950) — француски поет, романсиер, критичар и драматург. Добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2024 година.
Жан-Пјер Симеон Jean-Pierre Siméon | |
---|---|
Роден | Жан-Пјер Симеон 6 мај 1950 Париз, Франција |
Занимање | поет, романсиер, критичар и драматург |
Автор е на бројни збирки поезија,[1] романи, книги за млади, бројни драми и есеј за театарот.[2]
Животопис
уредиМајка му, Дениз, била учителка. Неговиот татко, Роже, направил кариера во националната образовна администрација и станал одговорен за публикации на Факултетот за книжевност во Клермон-Феран каде семејството се населило во 1962 година.[3]
Како дел од неговата активност како поет и директор на Поетска пролет, активно учествувал на бројни национални и меѓународни фестивали.[4][5]
Професор
уредиВо 1974 година Жан-Пјер Симеон конкурирал за професор по модерна книжевност, и бил вработен во Сен-Брис-ан-Когл, каде што го напишал Свети Марко Синиот, што го играле жителите. Предавал на „Универзитетскиот институт за образување на наставници“ во Клермон-Феран, на одделот за драмско пишување, на „Високата национална школа за уметности и театарски техники“ во Лион до 2010 година, а потоа држел курсеви за театарско пишување на „Институтот за политички студии“ во Париз.[6]
Писател
уредиИстовремено, тој творел разновидни дела: стихозбирки, но и романи, книги за млади и драми.
Соработувал со различни креативни книжевни списанија (Commune, Jungle, Fait Entre l'Infini, Les Cahiers de l'Archipel итн.), пишувал во Иманите (l'Humanité) како книжевен и драмски критичар.[6]
Од 1996 година се заинтересирал за театарот. Шест години бил „поет соработник“ во националниот драмски центар во Ремс на покана на неговиот режисер Кристијан Скјарети. Него го следел во Националниот популарен театар, во Вилурбан, најпрво како „соработник поет“, потоа како драматург, на пример со неговата драма Stabat Mater Furiosa. Во 2009 година, во тој контекст, во продукција на Кристијан Скјарети во театарот Одеон била поставена неговата драма Филоктет.[7]
Уредник на збирки
уредиНа почетокот на 1980-тите, тој ги запознал Жан-Франсоа Маниер и Мартин Мелинет кои штотуку ја основале печатницата Шејн во Шамбон-сир-Лињон, која станала издавачка куќа Шејн. Бил дел од уредниците на Поеми за израснување (Poèmes pour grandir), а со Жан Мари Барно ја уредувал збирката „Големи средства“ (Grands Fonds).[6] Во јануари 2018, го наследил Андре Велтер како уредник на збирката Поезија/Галимар.[8][6][9]
Други активности
уредиВо 1986 година ја основал неделата на поезијата во Клермон-Феран[10][11] и во 2001[12] станал уметнички директор на Поетска пролет на која позиција останал до 2017 година.[13]
Во 1994 година ја добил наградата Аполинер, и од 2014 година бил претседател на жирито.[8] Член на жирито за наградата Робер Ганзо.[14] Со Андре Шедид и неговиот внук Матје, ја вовел наградата Андре Шедид.[15]
Во 2000 година бил советник во Мисијата за уметност и култура на Министерството за национално образование.[6]
Награди и почести
уреди- 1978: Награда Теофил-Бријан
- 1981: Награда Морис-Сев
- 1984: Награда Антонен-Арто за Бегство од неподвижното (Fuite de l'immobile)
- 1994: награда Гијом-Аполинер за Чувството на светот (Le Sentiment du monde)
- 1999: Гран при на Мон-Сен Мишел
- 2006: Награда Макс-Џејкоб за Писма до саканата жена на тема смрт (Lettres à la femme aimée au sujet de la mort)
- 2010: Меѓународна награда за поезија Лусијан Блага во Клуж [8]
- 2022: Голема награда за поезија од Француската академија за целокупното негово творештво.[16]
- 2024: Златен венец на Струшките поетски вечери[17]
Одличја
уреди- Командир на редот на уметности и книжевност. Промовиран во официр на 16 јануари 2014, потоа командир на 12 март 2019 година.[18]
Наводи
уреди- ↑ „"La poésie sauvera le monde" de Jean-Pierre Siméon“ (француски). 2022-09-11. Посетено на 2023-06-16.
- ↑ „Jean-Pierre Siméon en spectacle, au théâtre - L'Officiel des spectacles“ (француски). Посетено на 2023-06-28.
- ↑ „Jean-Pierre Siméon - EUROPA PRIMA 2018“ (англиски). Посетено на 2023-02-01.
- ↑ „La poésie sauvera le monde“ (француски). Посетено на 2023-09-17.
- ↑ Voyageurs, Etonnants (2023-09-17). „SIMÉON Jean-Pierre“ (француски). Посетено на 2023-09-17.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 „Sa vie“. Посетено на 2021-01-20.
- ↑ „Philoctète de Jean-Pierre Siméon, d'après Sophocle“ (француски). 2010-07-12. Посетено на 2022-05-13.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 „Jean-Pierre Siméon“ (француски). Посетено на 2022-05-13.
- ↑ „Jean-Pierre Siméon : Poésie/Gallimard, histoire d'une collection“ (англиски). 2022-10-15. Архивирано од изворникот на 2022-11-17. Посетено на 2022-11-17.
- ↑ „Jean-Pierre SIMEON | La semaine de la poésie“. Посетено на 2022-05-13.
- ↑ France, Centre (2017-03-10). „Culture - Pourquoi Clermont-Ferrand est-elle devenue la capitale de la poésie ?“. Посетено на 2022-05-13.
- ↑ „L'amour au Printemps des poètes“. Le Monde.fr (француски). 2007-03-08. Посетено на 2022-05-13.
- ↑ „Jean-Pierre Siméon, une rencontre tissée au long cours avec la poésie“ (француски). 2017-03-01. Посетено на 2022-05-13.
- ↑ Valentin (2022-05-13). „Et le Prix Ganzo de poésie 2022 est attribué à...“ (француски). Посетено на 2022-05-13.
- ↑ „Prix Andrée Chedid 2010 - Le Printemps des Poètes“. Посетено на 2022-05-13.
- ↑ „Jean-Pierre SIMÉON | Académie française“. Посетено на 2023-05-03.
- ↑ Димков, Тони (2024-03-24). „Le poète français Jean-Pierre Siméon est lauréat de la "Couronne d'Or" à l'SVP 2024 - Free Press“ (француски). Посетено на 2024-05-13.
- ↑ „Nomination dans l'ordre des Arts et des Lettres - hiver 2019“ (француски). Посетено на 2019-6-03. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help).
Надворешни врски
уреди- „Le fonds Jean-Pierre Siméon“. Занемарен непознатиот параметар
|site=
(help); Занемарен непознатиот параметар|description=
(help); Занемарен непознатиот параметар|access_date=
(help)