Жаклина Глигориевска - Кочоска

Жаклина Глигориевска - Кочоска — македонска сликарка.

Жаклина Глигориевска - Кочоска
Роден Жаклина Глигориевска - Кочоска
Националност Македонец
Занимање сликар

Животопис

уреди

Жаклина Глигориевска - Кочоска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на Рубенс Корубин.

Творештво

уреди

Жаклина Глигориевска - Кочоска учествувала на околу 80 групни изложби во Македонија и во странство, а имала и неколку самостојни изложби. На 3 јуни 2014 година,во галеријата "МЦ" во Њујорк, била отворена нејзината шеста самостојна изложба, насловена како: "Долго врне во волшебниот свет". На изложбата, организирана од Националната галерија на Македонија со поддршка на министерството за култура, биле претставени 27 дела од нејзиното поново творештво.[1]

Жаклина Глигориевска - Кочоска е добитник на наградата „Вангел Коџоман“.[2]

За делото Inevitable restart ја добила наградата за најдобар цртеж која Друштвото на ликовни уметници на Македонија ја доделува во рамките на традиционалната изложба „Експериментален цртеж“ отворена во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје[3].

Наводи

уреди
  1. "Жаклина Глигориевска - Кочоска излага во Њујорк", Дневник, година XVIII, број 5481, вторник, 3 јуни 2014, стр. 20.
  2. Објавено на mia.mk[мртва врска]
  3. Жаклина Глигориевска-Кочоска наградена на „Експериментален цртеж 2022“ на ДЛУМ