ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“
Јавната установа Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје[1] е создадена во средината на 50-те години на XX век.
Домот има повеќе свои подружници во Ѓорче Петров, Колонија-Идризово и др.
Домот организира културни манифестации од различен вид: промоции на книги, трибини, поседува изложбени простори, проектира филмови[2], организира поетско-книжевни работилници[3] итн. Исто така, секој декември оваа установа ја организира традиционално манифестацијата „Денови“, во чест на раѓањето на македонскиот поет и културно-општествен деец Кочо Рацин.
Секоја година Домот ја доделува наградата „Бели мугри“ за најдобар поетски ракопис за автор до 35-годишна возраст.
Наводи уреди
- ↑ mioadmin. „Дом на култура „Кочо Рацин" Скопје“. Komspi (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-06-25. Посетено на 2019-05-15.
- ↑ Ноќ 2014, Бела. „– ДОМ НА КУЛТУРА – „КОЧО РАЦИН"“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2016-04-16. Посетено на 2019-05-15.
- ↑ „Домот на култура „Кочо Рацин" од Скопје објави конкурс за книжевно-поетска работилница“. МКД.мк. Посетено на 2019-05-15.