Жавер (француски: Javert) — книжевен лик од романот Клетници на Виктор Иго. Тој е полициски инспектор, кој настојува да го уапси поранешниот затвореник Жан Валжан. Земајќи предвид дека Валжан е протагонистот во романот, Жавер е директно спротивставен на Валжан, а со тоа и главниот антагонист.

Жавер
лик од Клетници
Жавер – илустрација од оригиналното издание на Клетници.
СоздавачВиктор Иго
Информации
Полмаж
ЗанимањеЗатворски чувар
инспектор
детектив
РелигијаРимокатолик
НационалностФранцузин

Жавер е опишан како строга личност, непопустлива во своите ставови. Дејството на романот се развива низ дваесет години во кои Жавер непрестајно го лови Жан Валжан. Во периодот кога се највеќе разделени, Жавер се инфилтрира помеѓу студентите-револуционери како шпион за француската влада. На овој начин нивните судбини повторно се вкрстуваат, но соочен со добрината на Валжан и сознанието дека неговата мисија била залудна, Жавер извршува самоубиство.

За популарноста на ликот сведочат безбројте сценски, но и филмски адаптации. Најскорешните глумци кои го толкувале Жавер на филм се Џон Малкович и Расел Кроу. Исто така, рускиот писател Фјодор Достоевски, кој многу го почитувал Виктор Иго, вели дека е инспириран од ликот на Жавер кога го создавал ликот на Павел Смердиаков во романот Браќа Карамазови.[1]

Наводи

уреди
  1. Кийко, Е. И., Dostoïevski/Достоевский. Matériaux et recherches, Предлошка:T.3, Ленинград, Наука, 1978 Предлошка:Détail édition, partie Предлошка:Rom-maj,  166-172