Емји Јуен Ји Чау (англиски: Amy Yuen Yee Chow или кинески: 周婉儀; пинјин: Zhōu Wǎnyí, р. 15 мај 1978 година во Сан Хосе, Калифорнија, САД)[1] е пензионирана американска спортска гимнастичарка. Таа учествуваше на Летните олимписки игри во 1996 и 2000 година. Чау е позната како член на Волшебната Седумка, тимот кој го освои првиот гимнастичарски златен медал за САД на Олимписките игри. Таа е првата Американска Азијатка која освоила олимписки медал во гимнастика.[2]

Плочата на Чау во спортската сала на славните во Сан Хосе

Наводи уреди

  1. The Gymnastics Almanac. Lowell House. 1999. стр. 97. ISBN 1-56565-966-X.
  2. Ruiz, Michelle. „The 1996 USA Gymnastics Team: Where Are They Now?“. Vogue (англиски). Посетено на 2020-06-15.