Ефимија (Евфема), (грчки: Ευφήμη) во старогрчката митологија било име на повеќе личности. Името значи „религиозна смиреност“.[1]

Митологија

уреди
  • Била ќерка на Хефест и Аглаја, персонификација на речитоста, (елоквенцијата).[2] Таа била дух или демон на добрите зборови, одобрувањето (акламацијата), пофалбите, аплаузите и извиците на триумф. Нејзина спротивност бил Мом (критиката). Со своите сестри Евклеја, Евтенија и Филофросина најверојатно ја сочинувале групата помлади Харити, односно Грации.[3]
  • Ефимија била нимфа од планината Хеликон во Беотија, веројатно ќерка на речниот бог Термес.[4] Таа ги одгледала музите, а според некои извори и малиот Зевс.[5] Неа ја сакал Пан и со него го имала синот Крот, кој им бил придружник на музите. Оваа нимфа, чие име означувало и добар говорник, најверојатно била најада од хеликонските извори, за кои се верувало дека имаат вода што ги инспирира поетите. Можеби била идентификувана со Аганипа.[4] За неа пишувале Хигин и Павзаниј.[5]
  • Според Хигин, Ефимија била една од Данаидите, мажена за Хипербие.[6]

Поврзано

уреди
  • Ефимија — Јупитерова месечина наречена во чест на митската личност

Наводи

уреди
  1. Роберт Гревс, 1995, Грчки митови, 6 издание, Нолит, Белград.
  2. „Индекс на грчки митови: Ефимија“. Архивирано од изворникот на 2010-09-28. Посетено на 2013-10-24.
  3. Ефимија
  4. 4,0 4,1 Ефимија на Теои проектот
  5. 5,0 5,1 Карло Парада, 1997, Генеолошки водич во старогрчката митологија
  6. Данаиди