Етика (лат. Ethica, ordine geometrico demonstrata, „Етика, прикажана на геометриски начин“) — филозофско дело од холандскиот мислител Барух Спиноза. Оригиналот е на латински. Иако книгата е издадена посмртно, во 1677, ова е најпознатото дело на Спиноза, и се смета за негов магнум опус.

Насловна страница на „Етика“

Во „Етика“ Спиноза се обидува да исложи „наполно издржан филозофски систем кој се стреми да ни прикаже целосна слика за стварноста и да ја разбере суштината на етичкиот живот. Следејќи постепен логички формат чекор по чекор, делото ја дефинира природата на Бога, умот, човековото робување на своите чувства, и моќта на сфаќањето -- разгледувајќи го вечното, размислува за местото на човекот во придорниот поредок, слободата, и патот кон досежната среќа.“[1]

Стил

уреди

Стилот и системот на книгата, според зборовите на Спиноза, е „прикажан на геометриски начин“ со предговори, дефиниции, аксиоми и леми. Потоа следат искази кои може да се состојат од белешки, докази и королари (следства). Тука се употребуваат и приложени додатоци со објасненија. Ваквиот формат на излагање го имитира Евклидовото дело „Елементи на геометријата“.

Германскиот филозоф Артур Шопенхауер тврди дека „Општо земено, Спиноза е виновен за голема грешка заради неговото намерна злоупотреба на зборови со цел да изрази концепти што целиот свет ги нарекува поинаку, а и, од друга страна, лишувајќи ги од значењата кое тие насекаде го имаат. Вака тој го нарекува „Бог“ она што секаде се нарекува „свет“; „правда“ она што насекаде се нарекува „моќ“; и „волја“ она што секаде се нарекува „расудување“."[2]

Белешки

уреди
  1. Penguin Classics. Ethics. www.penguinclassics.com
  2. Parerga and Paralipomena, Том I, „Sketch of a History of the Doctrine of the Ideal and the Real“

Надворешни врски

уреди
 
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: