Ерик Торвалдсон (старонордиски: Eiríkr Þorvaldsson; 950 — околу 1003), познат како Ерик Црвениот (старонордиски: Eiríkr hinn rauði)[1]норвешки викинг, запаметен во историјата како основачот на првата нордиска населба во Гренланд. Според преданијата, Ерик е роден во Јарен во округот Ругалан, Норвешка, како син на Торвалд Асвалдсон, поради што неговото презиме изведено од името на татко му гласи — Торвалдсон (Ерик Торвалдсон). Додавката „Црвениот“ ја добил најверојатно поради црвената боја на косата[2] и на неговата брада.[3] Лејф Ериксон, познатиот истражувач на Исланд бил син на Ерик.

Ерик Црвениот
Ерик Црвениот
Роден(а)околу 950
Норвешка
Починал(а)околу 1003
Гренланд
НационалностНорвежанец (Нордиец)
ЗанимањеИстражувач
Познат(а) поЈа основал првата населба во Гренланд
ВераНордиски паганство
ПартнерТјохилдр (Þjóðhildr)
ДецаФрејдис, Лејф Ериксон, Торвалд Ериксон and Торстеин Ериксон

Животопис

уреди

Таткото на Ерик (Торвалд Асвалдсон) бил протеран од Норвешка поради извршено убиство[4] кога Ерик имал 10 години.[5] Тој тргнал да плови кон Запад со семејството и се населил во Хорнстрандир во северозападниот дел од Исланд.[6] Подоцна, Исланѓаните го протерале Ерик поради тоа што го убил Ејолф, некаде околу 982 година.[7]

Откако се оженил со Тјодхилд, Ерик се преселил во Хаукдал, каде направил фарма која ја нарекол „Ерикстадир“. Судирот со Ејолф настанал откако слугите на Ерик предизвикале лизгање на земјиштето на фармата на Валтјоф. Ејолф, кој бил пријател на Валтјоф, ги убил слугите на Ерик. За освета, Ерик го убил Ејоф, по што бил протеран од Хаукдал.[5]

Ерик потоа се преселил на островот Оксни. Го замолил Торгест да му ги чува украсените зрна, кои татко му ги донел од Норвешка, и кои имале мистична вредност.[8] Откако го завршил градењето на новата куќа, отишол да си ги земе зрната, но „не било можно да ги добие“. Потоа Ерик заминал за Бредаболстанд од каде си ги зел зрната, иако во Сагата за Ерик Црвениот не е јасно дали овие зрна биле неговите или биле на Торгест. По ова, Торгест организирал потера по Ерик, и во борбата што настанала, Ерик ги убил синовите на Торгест и „неколкумина други“.

Откритија

уреди
 
Карта на северниот регион (вклучени се некои измислени острови) од Абрахам Ортелиј, околу 1570 г.
 
Лето крај брегот на Гренланд околу 1000 година
од Карл Расмусен

Иако историјата го именува Ерик како првиот човек кој го открил Гренланд, Исландските саги споменуваат друг Нордиец кој го открил и пробал да го насели Гренланд пред Ерик. Според традицијата, Гунбјерн Улфасон бил првиот кој допловил до оваа земја. Речиси цел век пред Ерик, силни ветрови го однеле Гунбјерн до копно што го нарекол Гунбернови Острови. По Гунбјерн, Снебјерн Галти исто така го посетил Гренланд. Според записите од тоа време, Галти се обидел таму да основа населба, што завршило катастрофално. Ерик бил првиот постојан жител на Гренланд од Европа.

Наводи

уреди
  1. исландски: Eiríkur rauði; норвешки: Eirik Raude; дански: Erik den Røde; шведски: Erik Röde; фарски: Eirikur (hin) reyði
  2. The Little Ice Age: How Climate Made History, 1300–1850, Basic Books, 2002, p. 10. ISBN 0-465-02272-3.
  3. Cooper Edens: Sea Stories: A Classic Illustrated Edition, 2007, ISBN 9780811856348, p. 53
  4. „Vanished Vikings“. Discover Magazine.
  5. 5,0 5,1 „Erik the Red – Ages of Exploration“. exploration.marinersmuseum.org (англиски). Посетено на 2017-06-02.
  6. Watson, A.D. (August 1923). „The Norse Discovery of America“. Journal of the Royal Astronomical Society of Canada. 17: 260. Bibcode:1923JRASC..17..257W.
  7. Eric the Red. Encyclopedia of World Biography. 2004. Посетено на November 8, 2012.
  8. „Full text of "The discovery of America by the Northmen“. archive.org. Посетено на 2011-10-11.