Исландските саги (исландски: Íslendingasögur) - исто така познати како семејни саги - се прозна историја во која најчесто се опишуваат настаните што се случувале во Исланд во 10-ти и почетокот на 11 век, за време на т.н. Доба на сагата. Тие се најпознатите примероци на исландска литература.

Гретир подготвен за бора,илустрација од ракописот Исландски саги манускрипт од седумнаесеттиот век

Исландските саги се литературен феномен на тринаесеттиот и четиринаесеттиот век. Тие се фокусирани на историјата, особено на генеалошката и семејната историја. Тие се одраз на борбата и конфликтот кој настана во рамките на општествата на втората и третата генерација на исландски доселеници.

Авторите на овие саги се непознати. Научниците веруваат дека една, Егилсовата сага е напишана од Снори Стурлусон, потомок на еден од хероите на сагата, но тоа останува неизвесно и несигурно. Стандардната модерна верзија на исландски саги е позната како Íslenzk fornrit.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  • Íslendinga sögur - оригинални текстови
  • Sagnanet- фотографии од оригинални ракописи