Емили Мерион Херис
Емили Мерион Херис (англиски: Emily Marion Harris, 7 јуни 1844 – 5 декември 1900) била англиска писателка и поетеса. Голем дел од нејзините дела обработуваат живот на Евреите во Лондон, како и верските и политичките конфликти на еврејските традиционалисти и соочувањето со асимилацијата.[2][3]
Емили Мерион Херис | |
---|---|
Роден/а | 7 јуни 1844 Лондон, Обединето Кралство |
Починат/а | 5 декември 1900[1] Лондон, Обединето Кралство | (возр. 56)
Псевдоним | E. M. H., Estelle |
Занимање |
|
Јазик | англиски |
Жанр | |
Значајни дела | Estelle (1878) Benedictus (1887) |
Потпис |
Биографија
уредиЕмили Мерион Харис е родена во Лондон од еврејски родители Сара (моминско Барнет) и Арон Ласелс Харис.[4] Сара, наставничка, била активна во добротворни организации за еврејските сиромашни лица од Источен Лондон.[4]
Од 1887 година, Харис го водела Еврејскиот клуб за девојчиња во Сохо, ко-основан со Лили Монтагу под покровителство на Лејди Шарлот де Ротшилд и Констанс Ротшилд.[5][6] Клубот имал за цел да обезбеди вечерни часови, рекреација и можности за социјална интеракција за работничките жени кои живеат во областа на Западен Центар.
Харис одржувала пријателство и преписка со Роберт Браунинг.[7][8]
Таа починала во 1900 година во нејзиниот дом на плоштадот Тависток, Блумсбери, [9] од пневмонија, болест која траела неколку дена. Нејзината погребална служба ја спровеч хазан Маркус Хаст од Големата ортодоксна синагога, со пофалби од реформистичкиот рабин Морис Џозеф.[2][10] Домот на Емили Харис за еврејски работнички девојки, кој обезбедувал оброци и сместување за работничките еврејски жени, бил именуван во нејзино сеќавање. [15]
Дела
уреди- Amy and Rosalie: A Mother's Memorials of Two Beloved Children. London. 1854. Revised as Two Little Sisters in 1863.[11]
- Four Messengers. London: Bell and Daldy. 1870.
- Echoes. London: Bell and Daldy. 1872.
- Twilight and Dawn. London: Bell and Daldy. 1873.
- Clemène: A Sketch. London: George Bell and Sons. 1874.
- Mercer's Gardens. London: George Bell and Sons. 1876.
- Estelle. I–II. London: George Bell and Sons. 1878.
- Friends Only. London: Marcus Ward & Co. 1879.
- Within a Circle. London: Marcus Ward & Co. 1880.
- Verses. London: George Bell and Sons. 1881.
- The Lieutenant: A Story of the Tower. London: George Bell and Sons. 1882.
- Benedictus. I–II. London: George Bell and Sons. 1887.
- The Narrative of the Holy Bible. London: Trübner & Co. 1889.
- Lady Dobbs: A Novel. London: Kegan Paul. 1890.
- Apples of Eden: A Realism. London: George Routledge and Sons. 1890.
- Rosalind: The Story of Three Parrots. London: George Redway. 1895.
Наводи
уреди- ↑ „Wills and Administrations (Haarhoff-Jutsum)“, Calendar of the Grants of Probate and Letters of Administration made in the Probate Registries of the High Court of Justice in England, London: Principal Probate Registry, стр. 59, 1901.
- ↑ 2,0 2,1 Valman, Nadia (2007). The Jewess in Nineteenth-Century British Literary Culture. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 160–172, 238. ISBN 978-0-521-86306-3.
- ↑ Cheskin, Arnold (Fall 1982). „Robert Browning's Climactic Hebraic Connections With Emma Lazarus and Emily Harris“. Studies in Browning and His Circle. 10 (2): 9–22. JSTOR 45285113.
- ↑ 4,0 4,1 Rubinstein, William D.; Jolles, Michael A.; Rubinstein, Hillary L., уред. (2011). „Harris, Emily Marion“. The Palgrave Dictionary of Anglo-Jewish History. London: Palgrave Macmillan. стр. 397. ISBN 978-0-230-30466-6. OCLC 793104984.[мртва врска]
- ↑ Spence, Jean (2004). „Working for Jewish Girls: Lily Montagu, Girls' Clubs and Industrial Reform, 1890–1914“. Women's History Review. 13 (3): 501. doi:10.1080/09612020400200396. S2CID 142996838.
- ↑ Dwor, Richa (2018). „Lily Montagu and Liberal Judaism“. Во Guy, Josephine M. (уред.). Edinburgh Companion to Fin-de-Siècle Literature, Culture and the Arts. Edinburgh: Edinburgh University Press. стр. 353. ISBN 978-1-4744-0892-9.
- ↑ Crowder, Ashby Bland (1986). „Browning and Women“. Studies in Browning and His Circle. 14: 108. JSTOR 45285206.
- ↑ King, Roma A., Jr. (1947). Armstrong, A. J. (уред.). Robert Browning's Finances from His Own Account Book. Baylor University Browning Interests. 15. Waco, Texas: Baylor University Press. стр. 34–35.
- ↑ „Miss Emily Marion Harris“. Clifton Society. Bristol. 13 December 1900. стр. 6.
- ↑ „The Death of Miss Emily M. Harris“. The Jewish Chronicle. London. 14 December 1900. стр. 14–15.
- ↑ Catalogue of the Printed Books in the Library of the Faculty of Advocates. Supplementary volume. Edinburgh: William Blackwood and Sons. 1879. стр. 334.