Емела-нтоука (англиски: Emela-ntouka) е криптид од Република Конго кој се појавува во митологијата на Пигмејските племиња. Исто така се наведува дека живее на подрачјето на езерото Бангвелу во Замбија. Описот на Емела-нтоука наликува на криптидот Нгубу.

Емела-нтоука
Илустрација на наводниот изглед
Видкриптид
Подвид"Жив диносаурус", Езерско чудовиште
Подрачје Република Конго Замбија
Живеалиштемочуришта во Република Конго, езеро Бангвелу во Замбија

Потекло и значење на називот

уреди

Името на оваа суштество доаѓа од Лингала јазикот што во превод значи "убиец на слонови".

Други називи

уреди

Овој криптид е познат уште како:

  • Асека-моке (Aseka-moke),
  • Нјаго-гунда (Njago-gunda),
  • Иризима (Irizima),
  • Нгамба-намае (Ngamba-namae)[1],
  • Дриптоцератопс хидроенсис (англиски јазик|Dryptoceratops hydroensis).

Опис на криптидот

уреди

Емела-нтоука наводно наликува на диносаурус од групата Цератопс.[2] Висок е 3 метри, долг 6 метари, а тежок 6 тони. Има грпка на грбот, кожата и е кафеава или сива по боја слична со слоновата но без влакна, телото и е масивно и градено како кај носорог[3], сите четири нозе се здепасти и кратки и оставаат тропрст отпечатк голем како кај слон, опашката е дебела и долга и наликува на опашка кај крокодилот и има долг рог на носот. Животното е водоземни и вегетаријанец е кој се храни со лиснати билки. Се огласува со кратко режење и рикот. Многу е агресивно и територијално животно, и напаѓа слонови и други поголеми животни и ги брка од својата територија.

Хронологија на средби со ова суштество и видувања

уреди
  • Во 1930 година наводно е убиена една Емела-нтоука во близина на градот Донгоуа (Република Конго);
  • Ј.Е. Хуџес во својата книга "Осумнаесет години на езерото Бангвеулу" (англиски јазик|Eighteen Years on Lake Bangweulu) од 1933 година, наведува дека неименувано животно (чиј опис одговара на Емела-нтоуку) е убиено на брегот на реката Луапула, кој го поврзува езерото Бангвелу и езерото Мверу, од страна на луѓе од племето Ва-Уши;
  • Емела-нтоуку првпат се споменува во записите, под своето име, од 1954 година во статија во списанието "Мамалиа" (англиски јазик|Mammalia) од страна на тамошниот ликоуалски инспектор Луциена Бланкоа. Тој наведува дека Емела-нтоука е суштество поголемо од бизон и дека живее во ликоуаланските мочуришта (Република Конго). Исто така тој прв го споменал фактот дека Емела-нтоука убива слонови, бизони и водени коњи кога е вознемирена, исто како што Мокеле-Мбембе напаѓа водени коњи. Иако двете животни се вегетаријанци, исто така ја делат особината дека се територијални и дека тоа се причини зошто Пигмеите највеќе им се плашат од сите опасни животни.
  • Д-р Рој П. Макал, кој предводел две експедиции во Република Конго во 1980 и 1981 година, ја наведува меѓу различни криптиди во својата книга "Живи диносауруси?" (англиски јазик|A Living Dinosaur?) од 1987 година и Емела-нтоука и сите записи кои ги собрал за неа[4];
  • Во втората епизода од планираната втора сезона на Новозеландски документарни емисии "Светски мистерии" (англиски јазик|World Mysteries) требало да биде интервј со човек кој тврди дека наишол на пцовисан труп на Емела-нтоукуа. Тој тврди дека уште го поседува рогот на оваа животно, кој тој го отсекол од трупот. Епизодата е снимена но никогаш не била прикажана.

Литература

уреди
  • Shuker, Karl (1995). In Search of Prehistoric Survivors. London: Blandford. ISBN 978-0-7137-2469-1.

Наводи

уреди
  1. „The Cryptid Zoo: Emela-ntouka (or "Killer of Elephants")“. Посетено на 29 декември 2009.
  2. „Emela-Ntouka: Africa's Killer of Elephants“. Cryptomundo. Посетено на 29 декември 2009.
  3. Loren Coleman & Jerome Clark. Cryptozoology A-Z. New York: Simon & Schuster, 1999. Page 83
  4. Roy P. Mackal (1987) A Living Dinosaur? In Search of Mokele-Mbembe. E.J. Brill, Leiden.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди