Ел Реј дел Мундо (шпан. El Rey del Mundo) е име на две марки на висококвалитетни пури, едната кубанска (Хабанос СА), а другата хондурска (семејство Виљазон).

Логото на Ел Реј дел Мундо

Историја уреди

Се смета деак оваа амрка е создадена заедно со марката Санчо Панса, од германскиот претприемач Емилио Омштет во 1848. Едно време Ел Реј дел Мундо (Крал на светот на шпански) била најскапата марка на пури во светот.

Шпанскиот претприемач Антонио Аољнес ја презел марката некаде околу 1882. Под негова управа марката го достигнува врвот на својот светски престиж. Во 1905 фирмата на Аљонес ја купуваат Дијаз Херманос и Д-р со Кандидо Вега Дијаз како сопственик (се претпоставува дека по него е именувана марката Дон Кандидо). Тој потоа го сменил името на фирмата во Реј дел Мундо Сигар Ко. заради големата слава на новокупената марка. Оваа фирма произведувала и познати марки како Санчо Панса, Рафаел Гонсалес и Дон Кандидо.

Производството продолжило по револуцијата, и марката ја задржала својата популарност низ 1960-тите и 1970-тите, но како што пушачите во светот почнале да претпочитаат посилни пури, поблагите Ел Реј дел Мундо почнале да го губат својот статус како најдобра марка на кубански пури. И покрај загубата во популарност, пурите на Ел Реј дел Мундо сѐ уште се ценети заради својата благост и комплексни вкусови. Особено популарни меѓу познавачите се моделите Choix Supreme, Grandes de España и Demi Tasse.

 
Кутија Ел Реј дел Мундо Choix Supreme

Витоли на кубанскиот Ел Реј дел Мундо уреди

Ова е список на витоли (големини) во рамките на производната линија на Дипломатикос со нивните димензии во англиски и метрички систем и нивните vitolas de galera (фабрички имиња) како и нивните конвенционални називи според американскиот жаргон за пури.

Рачно-изработени витоли

  • Choix Supreme - 5" x 48 (127 x 19.05 mm) Hermoso No. 4, робусто или ротшилд
  • Taíno - 7" x 47 (178 x 18.65 mm) Julieta, черчил
  • Grande de España - 7 1/2" x 38 (192 x 15.08 mm) Delicado, долга панетела
  • Corona de Luxe - 5 5/8" x 42 (142 x 16.67 mm) Corona, корона
  • Petit Corona - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Mareva, пети корона
  • Lunch Club - 4 1/2" x 40 (116 x 15.87 mm) Franciscano, тре пети корона
  • Demi Tasse - 3 7/8" x 30 (100 x 11.91 mm) Entreacto, цигариљо

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди