Ели Хајвуд (англ. Ellie Highwood) била професорка по климатска физика на Универзитетот во Рединг, а шеф на тој отсек била од 2012 до 2015 година.[1]

Ели Хајвуд
Родена 1972
 Франција
Занимање = Професорка по климатска физика, Активистка за климатски промени

Била член на Саветот и Одборот за образование на Кралското метеоролошко друштво (англ. RMetS) сè до 1 октомври 2016 година кога станала 81 претседателка на оваа здружение.[2]

Животопис

уреди

Хајвуд е родена во 1972 година во Франција.[3] Студии по физика ги завршила на Универзитетот во Манчестер, а докторските студии ги завршила на Универзитетот во Рединг. Подрачјето на нејзинте истражувања и интересирања се засноваат на атмосферските честички, нивното влијание на климатските промени и симулации на климатски моделии. Особено внимание посветила на влијанието на аеросолите на климатските промени.[4]

Во 2015 година станала Декан за Различитост и Инклузија на Универзитетот во Редингтон. Оваа позиција ја дели со професорот Сајмон Чендлер Вајлд.

За нејзината работа се дискутирало во значајни публикации, како што се британскиот дневен лист The Independent и Би-Би-Си (англ. BBC).[5][6]

Хајвуд тврдела дека вештачкото ладење на планетата со „убризгување на ситни рефлективни честички во атмосферата (по предлог на Пол Круцен)[7] може да предизвика суша и климатски хаос“ во сиромашните земји.[6][8] Исто така наведувала дека би било „разумно да се истражат алтернативи кои би можеле да ни помогнат во наредните децении“.[6]

Библиографија

уреди
  • Myhre, Gunnar, et al. "New estimates of radiative forcing due to well mixed greenhouse gases." Geophysical research letters 25.14 (1998): 2715-2718.
  • Highwood, E. J., and B. J. Hoskins. "The tropical tropopause." Quarterly Journal of the Royal Meteorological Society 124.549 (1998): 1579-1604.
  • Tanré, D., et al. "Measurement and modeling of the Saharan dust radiative impact: Overview of the Saharan Dust Experiment (SHADE)." Journal of Geophysical Research: Atmospheres (1984–2012) 108.D18 (2003).
  • Highwood, Eleanor J., et al. "Radiative properties and direct effect of Saharan dust measured by the C‐130 aircraft during Saharan Dust Experiment (SHADE): 2. Terrestrial spectrum." Journal of Geophysical Research: Atmospheres (1984–2012) 108.D18 (2003).
  • Abel, Steven J., et al. "Evolution of biomass burning aerosol properties from an agricultural fire in southern Africa." Geophysical Research Letters 30.15 (2003).

Наводи

уреди
  1. „Professor Eleanor Highwood“. University of Reading. University of Reading. Архивирано од изворникот на 26 ноември 2013. Посетено на 23 јануари 2016.
  2. „New President: Professor Ellie Highwood“. News. Royal Meteorological Society. 14 октомври 2016. Архивирано од изворникот на 18 октомври 2016. Посетено на 17 октомври 2016.
  3. Environmental and ecological chemistry. Sabljic, Aleksandar. Oxford, U.K.: Eolss Publishers. 2009. стр. 62. ISBN 978-1-84826-692-6. OCLC 494356670. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)CS1-одржување: друго (link) CS1-одржување: датум и година (link)
  4. „President and Council“. Royal Meteorological Society. Royal Meteorological Society. Посетено на 23 јануари 2016.
  5. „What's the fuss about climate change? Your questions answered“. BBC. BBC. Посетено на 23 јануари 2016.
  6. 6,0 6,1 6,2 Connor, Steve. „Plan to avert global warming by cooling planet artificially 'could cause climate chaos'. The Independent. The Independent. Посетено на 23 јануари 2016.
  7. Dyer, Gwynne. „Gwynne Dyer: Geo-engineering is in trouble“. The Georgia Straight. The Georgia Straight. Посетено на 23 јануари 2016.
  8. Kaiman, Jonathan. „China's air pollution leading to more erratic climate for US, say scientists“. The Guardian. The Guardian. Посетено на 23 јануари 2016.

Надворешни врски

уреди