Елен Донан
Елен Донан (гелски: Eilean Donnáin) — мал остров во Лох Дујх во западниот дел на Горите на Шкотска. Со копното е поврзан со пешачки мост, а сместен е околу од селото Дорни. Името значи „Донанов Остров“, во чест на светецот Донан од Еге, келтски маченик од темното доба. На островот доминира живописен замок.
Гелско име | Eilean Donnáin |
---|---|
Значење | Донанов Остров |
Местоположба | |
Елен Донан во рамките на Шкотска | |
OS-назнака | NG880260 |
Физичка географија | |
Ост. група | Лох Дујх |
Површина | 1 ха |
Највисока точка | 3 м |
Управа | |
Држава | Обединето Кралство |
Земја | Шкотска |
Месна управа | Хајленд |
Демографија | |
Население | 1 |
Ранг | 94 [1] |
Наводи | [2][3] |
Замокот
уредиПрвиот замок на островот е изграден во раниот XIII век како одбрана од Викинзите. Подоцна во XIII век замокот станал упориште на Мекензиевците од Кинтал (подоцна Ерлови од Сифорт). Во 1511 г. Мекриевците, како заштитници на Мекензиевците, станале наследни чувари на замокот.
Во 1539 Ијан Дув Матесон, поглавар на кланот Матесон, загинал бранејќи го Елејн Донан од слитскиот клан Мекдоналд во име на клановите Мекри и Мекензи.
Во април 1719 замокот го зазема шпанската војска во обид да потпали уште едно Јакубитско востание. Во судирот банителите си го враќаат замокот, но потоа го урива кралската морнарица. По еден месец шпанските сили претрпуваат пораз во Битката кај Глен Шил.
Замокот е реставриран во периодот од 1919 до 1932 од потполковникот Џон Мекри-Гилстрап. Воедно изграден е и своден мост за полесен пристап. Во 1983 семејството Мекри основало добротворната задолжбина „Конхра“ која има за цел да го запази замокот. Интересно е што замокот е единствен во Велика Британија што има лево-завртени скалила (тогашниот крал бил левак). Пред замокот стои топ од времето на Првата светска војна како и спомен-чешма во чест на членовите на семејството загинати во војната.
Елен Донан е дом на кланот Мекри. Во 2001 г. островот броел само еден жител.
Галерија
уреди-
Замокот гледан од запад
-
Мостот на замокот
-
Спомен-плакета на кланот Мекри во дворот на замокот
-
Поглед на дворот на замокот
Наводи
уреди- ↑ Ранг по површина и население: Шкотска има околу 300 острови поголеми од 20 ха, од кои 93 трајно населени според пописот од 2011 г.
- ↑ Општа регистарска служба на Шкотска (28 ноември 2003) Наменски документ бр. 10: Статистики за населените острови. Проверено на 9 јули 2007 (англиски)
- ↑ Карти на Картографскиот завод на Велика Британија, Геодетски податоци. Проверено на 14 јули 2009 (англиски)
Литература
уреди- Miket and Roberts, The Mediaeval Castles of Skye and Lochalsh (Второ издание, Birlinn Ltd, 2007)
Надворешни врски
уреди„Елен Донан“ на Ризницата ? |
- Слики од замокот на Елен Донан
- Замок Елен Донан — мрежна камера во живо Архивирано на 7 јули 2009 г.