Елен, полската глувчица и тајната
„Елен, полската глувчица и тајната“ (шведски: Ellen, Sorken och hemligheten) — роман за деца на шведската писателка Марија Френсборг, со илустрации на Томас Нилсон. Романот е издаден од страна на издавачката куќа „Блесок“, како трета книга во рамките на едицијата „Бушавко“.[1]
Технички одлики
уредиПреводот на македонски јазик го направила Родна Русковска. Книгата, со димензии од 20 сантиметри и со обем од 120 страници, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-59-554-7. Објавувањето на книгата било помогнато од Шведскиот уметнички совет. Дизајнот и подготовката за печат биле дело на „DTP Blesok“, а книгата била отпечатена во „Маринг“ од Скопје, во 500 примероци.[1]
Содржина
уредиРоманот се состои од 22 глави:[1]
- Капакот на амбисот и смртта со давење
- Седмица без пливање
- Чудак-клубот и кутијата со неопходности
- Планот со пижамите
- Зајачки костури со Виолетовото кралство
- Маси за деца и затворени врати
- Мекиот кревет и натрапникот
- Позната тетка
- Потскокнуваме и се колнеме
- Глупавиот десерт
- Смрдливиот татко и штикли-миклите
- Зајачки глупости и размислувања за тетката
- Кисело-весело и штипкање за стомак
- Лажни загризувања и уште чекање
- Украдената краставица и срцето од ванила
- Краставицата се виори
- Добро се преправаме
- Во светот на Неле
- Го галиме Улоф Палме
- Се палат ѕвездите
- Преобразбата
- Размислувањата на трансформаторот