Елени Цалигопулу

грчката пејачка

Елени Цалигопулу (грчки: Ελένη Τσαλιγοπούλου; родена на 11 април 1963 година) — грчка пејачка на популарна музика, која во текот на нејзината 30-годишна кариера, ја има задржано позицијата на еден од најпродаваните музичари во нејзината земја.

Елени Цалигопулу
Родено имеЕлени Цалигопулу
Роден(а)11 април 1963(1963-04-11)(61 г.)
ПотеклоНегуш, Грција
Жанрови
Занимања
  • Пејачка
  • текстописец
ИнструментиВокал
Период на активност1985–денес
ИздавачиMelodia FM 99.2
Lyra Records
Columbia Records
Akti Records
General Publishing Company S.A.[1]
СоработнициЈоргос Даларас

Почетоци на кариерата

уреди

Родена и израсната во Науса (Негуш), град во рамките на регионалната единица Иматија, во грчкиот административен регион Централна Македонија, таа започнала да настапува уште на рана возраст, заедно со нејзиниот брат, кој исто така е музичар. Во 1981 година, таа родила син, Аргирис.[2] До 1985 година, откако земала лекции за класично пеење, таа го започнала своето професионално деби во Солун и стапила во контакт со текстописецот Јоргос Зигас, чии песни ги изведувала на нејзиниот прв соло албум.[3]

Во 1987 година, таа ги изведувала песните на врвните грчки композитори и текстописци Манос Хаџидакис и Стаматис Спанудакис. Таа настапувала на турнеја низ Грција, други делови од Европа, а, исто така, во Америка, заедно со познатиот пејач Јоргос Даларас. Нивната професионална соработка продолжила и во текот на следните 10 години.

Таа често одржувала концерти во Атина заедно со Даларас. Иако во почетоците на нејзината кариера, нејзиниот глас и стил на пеење биле споредувани со тие на музичката ѕвезда Елефтерија Арванитаки, таа набрзо изградила свој уникатен стил. Во 1989 година, таа соработувала со музичката ѕвезда, пејач и текстописец Никос Ксидакис, а во 1990 година го издала најпродаваниот албум Девојче и жена (Κορίτσι και γυναίκα). Успехот на овој албум го започнал периодот на т.н. современо-уметнички стил на грчката музика, кој станал популарен во 1990-тите години.

Кариера на музичка ѕвезда

уреди
 
Елени Цалигопулу настапува во јули 2007 година.

Во текот на 1990-тите години, Елени Цалигопулу се искачила на највисокиот ранг на грчки музички изведувачи. Од нејзините девет издадени албуми во текот на оваа деценија, првиот бил Девојче и жена (Κορίτσι και γυναίκα) од 1990 година, а последниот бил Се менува секоја ноќ (Αλλάζει κάθε που βραδιάζει) од 1999 година. Меѓу најпознатите албуми од оваа деценија биле: Аргентинос, од 1996 година, и Ерата на сонот, од 1998 година. Во текот на 1998-99 година, таа формирала пејачко партнерство со грчкиот вокалист Мелина Кана, кое резултирало со албумот 13 месечини (13 Φεγγάρια) од 1999 година. При крајот на деценијата нејзиниот музички стил сè повеќе добивал одлики на западната поп-музика, а во тој период таа настапувала на концерти низ земјата во тандем со музичката ѕвезда Димитрис Басис и музичките бендови Моуд Плагал и Микро.

Во 2000 година соработувала со Џон Коцирас, а во 2001 година со нејзиниот сопруг Јоргос Андреу, како и со Никос Портокалоглу. Во 2002 година, таа настапувала заедно со Манолис Лидакис. Во 2004 година, настапувала во Атинската концертната сала, изведувајќи ги песните на Василис Цицанис.

Во текот на 2005 година, таа била на летна турнеја со глумицата и пејачка Тања Цанаклиду, а нејзиниот албум од таа година, Драг дневнику (Αγαπημένο μου Ημερολόγιο), бил направен во соработка со музичкиот ансамбл Εστουδιαντίνα Νέας Ιωνίας, познат по традиционалните изведувања на грчките народни песни.

Во наредните години таа продолжила да снима албуми и да изведува, како што се нејзините настапи од 2008 година со пејачите Андријана Бабали и Гиота Нега.[4] На 22 април 2016 година, таа настапила во САД, во Kaye Playhouse, во Хантер колеџот во Њујорк,[5] а следниот ден во Центарот за изведба Беркли, во Бостон.[6]

Личен живот

уреди

Во интервју од 2008 година со SigmaLive, таа изјавила дека нејзиниот брак со грчкиот композитор, текстописец, музички продуцент и писател Јоргос Андреу траел петнаесет години, по што завршил со развод.

Дискографија

уреди
  • 1986 - Σώπα κι άκουσε
  • 1990 - Κορίτσι και γυναίκα
  • 1992 - Μισό φεγγάρι
  • 1994 - Καθρέφτες
  • 1996 - Αρζεντίνα
  • 1998 - Στην Εποχή του Ονείρου
  • 1999 - Αλλάζει κάθε που βραδιάζει
  • 2001 - Γλυκός πειρασμός
  • 2002 - Τραγούδια για ένα Καλοκαίρι
  • 2003 - Χρώμα
  • 2005 - Αγαπημένο μου Ημερολόγιο
  • 2005 - Κάθε τέλος και αρχή
  • 2008 - Best of/Σαν ψέματα
  • 2011 - Τα-Ρί-Ρα
  • 2014 - Μαζί (заедно со Мелина Кана)

Наводи

уреди
  1. Biographical entry for Eleni Tsaligopoulou
  2. „Το τραγούδι δεν είναι πρόχειρο μπλουζάκι“. www.sigmalive.com. Посетено на 2019-03-28.
  3. „Ελένη Τσαλιγοπούλου - "Κορίτσι και γυναίκα"...“. www.musiccorner.gr. Посетено на 2019-03-28.
  4. „Eleni Tsaligopoulou – Kostas Livadas“. www.serifosfestival.gr (англиски). Посетено на 2019-03-28.
  5. Choros, Evgenia. „Magical Performance with Eleni Tsaligopoulou & Bogaz Musique“. USA.GreekReporter.com (англиски). Посетено на 2019-03-28.
  6. „Greek Music Journey 2016 with Eleni Tsaligopoulou | Berklee Performance Center“. www.berklee.edu (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2019-03-28.

Надворешни врски

уреди