Елена Филиповска
Елена Филиповска (позната и како Елена Филиповска-Божиновска) — македонски филолог, професорка по италијански јазик и македонски јазик за странци и писателка.[1]
Елена Филиповска | |
---|---|
Роден/а | Елена Филиповска Скопје, СФР Југославија |
Националност | Македонија |
Народност | Македонка |
Образование | Скопски универзитет |
Партнер | Јане Божиновски |
Деца | 2 |
Биографија
уредиЕлена завршила два типа на додипломски студии. Едните од областа на лингвистиката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а другите од областа на историјата и цивилизацијата при Конзорциумот ИКОН.[2] Исто така, завршила постдипломски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ со тема на магистерскиот труд „Интеркултурноста во наставата по странски јазици“. Се интересирала за врската помеѓу јазикот и културата, како и за осмислување нови методи во наставата по странски јазици. Вршела истражување на Калифорнискиот универзитет Беркли[3] и работела на повеќе проекти за унапредување на наставата по странски јазици.
Филиповска работи како наставник и истражувач од 2001 година.[3] Како наставник по италијански јазик и македонски јазик за странци, предавала во повеќе приватни и државни образовни центри, меѓу кои училиштето „Лингва Линк“, гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Скопје и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Од 2014 година, се посветила само на македонскиот јазик, основајќи ја „Сказалка“ - училиште за македонски јазик за странци.[1]
Во 2021 година ја издала авторската граматика на македонскиот јазик за странци наречена „Macedonian Learner’s Grammar“.[4] Покрај граматиката, има издадено и повеќе текстови и статии од областа на методиката на настава.[1]
Книжевно творештво
уредиФилиповска го издала своето прво прозно дело во 2020 година, дистопискиот роман „Идол на ѕидот“.[5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „#РаскажиМи: Извадок од романот „Идол на ѕидот" од Елена Филиповска“. Радио МОФ (англиски). 2022-04-01. Посетено на 2022-04-19.
- ↑ „ICoN - Italian Culture on the Net“. www.italicon.education. Посетено на 2022-05-31.
- ↑ 3,0 3,1 „Founder“. Skazalka Languages (англиски). 2018-10-22. Посетено на 2022-04-26.
- ↑ Трајковска, Ирена (2021-03-30). „Macedonian Learner's Grammar - една поинаква граматика, создадена во училница“. Везилка Магазин. Посетено на 2022-04-19.
- ↑ Shindre, Nikola (2021-02-01). „Препорака за „Идол на ѕидот" од Елена Филиповска“. Гласник. Посетено на 2022-04-19.