Економија и Бизнис

„Економија и Бизнис“ — македонско стручно економско списание.

Историјат уреди

Списанието започнало да излегува како месечно списание за теорија и практика од јануари 1998 година. Основач и долгогодишен уредник на списанието бил еден од најпознатите македонски економисти, Тихомир Јовановски.[1]

Организација и менаџмент уреди

Издавач на списанието е трговското друштво „Еуро-Мак-Компани“ Д.О.О. Скопје, со седиште на бул. Партизански одреди, бр. 62, локал 23, во Скопје, каде што се наоѓа и уредништвото. Во 2016 година, управител и одговорно лице на издавачот била Билјана Радевска-Грујовска, која ја вршела и улогата на одговорен уредник на списанието, додека Кирко Бошкоски бил задолжен за маркетингот и за техничкото уредување.[2]

Активности уреди

Во ноември 2016 година, списанието „Економија и бизнис“ ја одржала својата прва самостојна конференција, со наслов: „25 години независна Република Македонија, што научивме за македонската економија и како понатаму?“, на која учествувале: гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, главниот извршен директор на „Шпаркасе Македонија“, Глигор Бишев, генералниот директор на „Фероинвест“, Кочо Анѓушев, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, претседателот на управниот одбор на винаријата „Тиквеш“, Светозар Јаневски, главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев итн.[3]

Наводи уреди

  1. Матеска, Рената (7 октомври 2005). „Неуспешна приватизација или успешна импровизација“ (PDF). Македонско сонце. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-08-27. Посетено на 2011-12-04.
  2. Економија и бизнис, број 215, мај 2016, стр. 4.
  3. „Конференција „Перспективи 2016“ - 25 години независна Република Македонија, што научивме за македонската економија, како понатаму?“, Економија и бизнис, година 18, број 222/223, декември 2016/јануари 2017, стр. 64-65.

Надворешни врски уреди