Езеро рајско убаво

македонска народна песна

Езеро рајско убавомакедонска народна песна. Песната е посветена на браќата Миладиновци. Песната има месен карактер.

„Езеро рајско убаво“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина3:50 (Ангелко Спиркоски)

Текст уреди

Езеро рајско убаво,
слатко, бисерно, чудесно,
не испраќај си ветрови,
реката Дрим ми ја матиш.

Излегов да се прошетам,
крај Дримот у езерото,
од што ветрови вееја
тамо песна пееја:
- “О, што сум слатко заспало,
па брата на сон сонувало“.

- Кои сте вие двајцата
што бели книги читате,
галеби лисја ви вртат?
- Миладиновци ние сме.

Во сон си поздрав праќаа,
од Димитри и Константин,
поздрав од Миладиновци
до народ в' Струга и струшко.
Поздрав за Македонија,
нашава мила татковина.

- Ние сме браќа Миладиновци,
Константин и Димитрија,
млади стружани, учители,
од златна Струга, убава.

Во Струга сме се родиле,
песни, приказни собирале,
од народ поклон оставиле.
Со перо в' рака се боревме
слобода да добиеме
од пусти грчки тирани.

- А зошто толку сте мачени,
брада пуштиле, потемнеле,
очите ви се насолзени
крвави солзи роните?

По бел си свет си одевме,
наша слобода баравме,
никаде правда не најдовме.
Секаде душман нè бараше
и в' зандан нас нè затвори,
в' Стамбола зандан' да гниеме.

Надворешни врски уреди