Езеро на шампањското
Езеро на шампањското (Champagne Pool) — кратерско езеро кое се наоѓа на Северниот Остров во Нов Зеланд. На местото каде што денес се наоѓа езерото имало неверојатно убави бели и розови карпести тераси, но откако еруптирал вулканот Мауна Тарауера, на местото на терасите се појавило блескаво смарагдно-зелено езеро. Топлиот извор од кој денес се затоплува езерото се формирал пред околу 900 години преку хидротермална ерупција[1], што го прави во геолошка смисла релативно млад систем.
Езеро на шампањското | |
---|---|
Портокаловата боја потекнува од депозити на арсен и антимон сулфид. | |
Подрачје | Ваиотапу, Северен Остров |
Координати | 38°21′33″S 176°22′08″E / 38.359086° ЈГШ; 176.368901° ИГД |
Вид | Геотермален градиент |
Сливни земји | Нов Зеланд |
Најг. должина | 65 м (213 ст) км |
Најг. длабочина | 62 м (203 ст) м |
Зафатнина | 50,000 m3 (1,800,000 cu ft) км3 |
Проточност | 34 денови |
Езерото се наоѓа на 30 километри југоисточно од Роторуа и околу 50 километри североисточно од Таупо. Името Езеро на шампањското е изведено од изобилството на јаглерод диоксид (СО2). Нејзиниот кратер е околу 65 метри во пречник со максимална длабочина од околу 62 метри и се полни со проценета количина од 50.000 метри3 од геотермалната течност[2]. На дното, водата достигнува температура и до 260 °C, додека на површината на езерото се движи меѓу 73 и 75 °C.
Наводи
уреди- ↑ Lloyd, E. F. (1959). „The hot springs and hydrothermal eruptions of Waiotapu“. New Zealand Journal of Geology and Geophysics. 2 (1): 141–76. doi:10.1080/00288306.1959.10431319.
- ↑ Hedenquist, J. W. (1986). „Geothermal systems in the Taupo Volcanic Zone: Their characteristics and relation to volcanism and mineralisation“. Bulletin of the Royal Society of New Zealand. 23: 134–68.
Надворешни врски
уреди- Езеро на шампањското на Ризницата ?