Селемлиско Езеро

вештачко езеро во Македонија
(Пренасочено од Езеро Селемлија)

Селемлиско Езеро или Селемлијавештачко езеро во непосредна близина на селото Селемли, на крајниот југоисток на Македонија, непосредно до границата со Грција. Езерото било создадено во текот на 1970-тите години за наводнување на околните насади со лозје.

Селемлиско Езеро
Поглед на Селемлиското Езеро
Координати41°08′31″N 22°36′50″E / 41.14194° СГШ; 22.61389° ИГД / 41.14194; 22.61389
Видвештачко
Главни приливиСелемлиска Река
Главни истециСелемлиска Река
Сливни земјиМакедонија
Најг. должина600 м км
Најг. ширина400 м км
Најг. длабочина10 м м
Зафатнина840.000 м3[1] км3

Потекло на поимот

уреди
 
Езерото со околината

Езерото името го добило по селото Селемли, во чијашто непосредна близина се наоѓа.

Географија

уреди

По својата големина, Селемлиско Езеро спаѓа во групата на мали вештачки езера, при што неговата зафатнина изнесува 840.000 м3 вода.[1] Езерото има издолжен облик и се протега во правец север-југ. Неговата должина изнесува околу 600 метри, додека најголемата ширина изнесува околу 400 метри. Езерото има длабочина од 3 до 10 метри. Основен извор за полнење со вода е мала рекичка која извира во Егејска Македонија, но од неа езерото нема постојан прилив на вода, така што значаен извор се есенските и пролетните дождови. Нивото на водата во езерото е доста променливо, па во некои сушни години опаѓа и за повеќе од 3 метри.

Риби

уреди

Езерото располага со богат рибен фонд и е привлечно место за рекреација на спортските риболовци. Во минатото езерото било испразнувано и порибувано, така што во него денес се среќаваат следните видови риба: крап, караш, сончаница, црвеноперка, љињак, штука, сом и костреш.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Стратегија за климатски промени на Општина Богданци за периодот 2014-2020“ (PDF). Богданци: Општина Богданци. мај 2014. Посетено на 29 мај 2017.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди