Рам (езеро)

(Пренасочено од Езеро Рам)

Рам (хебрејски: בריכת רם, "Brekhat Ram"; арапски: بحيرة مسعدة, "Buhāir Mas'ade") — кратерско езеро во североисточниот дел на Голанската Висорамнина, во Израел. Езерото се наоѓа во близина на планината Хермон. Езерото се снабдува со вода по пат на дождовница и подземни извори и нема одливи. Името на хебрејски значи „висок базен“, а на арапски Масадејско езеро (по селото Масаде).[1] Ова езеро и регионот е поврзан со етно-религиската група Друзе.[2]

Рам
Поглед кон езерото и планината Хермон во позадина
ПодрачјеГоланска Висорамнина
Координати33°13′57.1″N 35°45′58.8″E / 33.232528° СГШ; 35.766333° ИГД / 33.232528; 35.766333
Видкратерско езеро
Главни приливидождовница, подземни извори
Главни истецинема
Сливни земјиИзраел

Геологија

уреди

Повеќето геолози веруваат дека езерото настанло во кратер на исчезнат вулкан.[2]

Легенди

уреди

Според преданијата на Талмудот, Рам е едно од трите подземни извори, заедно со Хамат Гадер и Хамат Тиберијас, кои се отвориле за време на Големиот потоп (од времето на Ное) и не се затвориле по завршувањето на потопот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. The Vilnay Guide to Israel, Volume 2, Beit-Or-Vilnay, 1999, p.298.
  2. 2,0 2,1 „Israel Ministry of Tourism Website“. Архивирано од изворникот на 2014-03-27. Посетено на 2018-02-15.