Езеро Пластира
Езеро Пластира (грчки: Λίμνη Πλαστήρα) нареченo и акумулација Тавропос (грчки: Τεχνητή Λίμνη Ταυρωπού) — вештачко езеро кое се напојува од реката Тавропос (Мегдова), сместено во округот Кардица, во близина на градот Кардица, Грција. Езерото го добило името по грчкиот генерал и политичар Николаос Пластира, кој ја дал идејата за изградба на вештачко езеро во областа.
Езеро Пластира Λίμνη Πλαστήρα (грчки) | |
---|---|
Сателитска слика од март 2023. | |
Координати | 39°17′50″N 21°45′09″E / 39.29722° СГШ; 21.75250° ИГД |
Вид | Вештачко езеро |
Главни приливи | Тавропос |
Главни истеци | Тавропос |
Сливни земји | Грција |
Изградено | 30 октомври 1960 |
Полнењето почнало | 1962 |
Најг. должина | 12 км |
Најг. ширина | 4 км |
Површина | 24 км2 |
Најг. длабочина | 60 м |
Зафатнина | 400 км3 |
Надм. височина | 792 м |
Првични планови
уредиИдејата за изградба на акумулација во областа, наводно, прв ја замислил генералот Николаос Пластира, кој во 1925 година бил во посета на својот роден град во областа. За тоа време целата област била опустошена од голема поплава на реката Тавропос. Тој вршел притисок врз Министерството за земјоделство, кое до 1929 година основало одбор за да ја истражи ситуацијата. Политичарите се спротивставиле на планот во следните години, сè до Втората светска војна.
Создавање на акумулацијата
уредиПо војната, идејата била оживеана од Пластира кога станал премиер. Тогаш новооснованото Јавно претпријатие за електрична енергија на Грција го усвоила проектот како дел од нивните напори да ја електрифицираат земјата. Во 1953 година се одржала меѓународна лицитација на која победил францускиот Omniun Lyonnais. Изградбата на браната започнала на 14 декември 1955 година. На 30 октомври 1960 година, браната била официјално свечено пуштена во работа.
Езерото денес
уредиДенес езерото содржи до 400 милиони кубни метри свежа вода. Се користи за наводнување и како извор на енергија на хидроелектрана,[1] но и како главен извор на вода за градот Кардица. Поради својата надморска височина (едно од највисоките во Европа) и единствениот крајолик, акумулацијата Тавропос е популарно туристичко одморалиште во Грција.
Галерија
уреди-
Акумулацијата Тавропос
-
Поглед на езерото Пластира
-
Поглед на езерото Пластира. .
-
Езерото ноќе
-
Друг поглед на езерото