Едуард Аркјадевич Асадов (руски: Эдуа́рд Арка́дьевич Аса́дов; 7 септември 192321 април 2004 ) бил руски поет и писател од ерменско потекло.

Животопис

уреди

Роден е во градот Мерв, Туркистан од  ерменско семејство. Двајцата родители биле наставници. Таткото (роден 1898 година) се борел во Кавказ за време на граѓанската војна. По смртта на неговиот татко во 1929 година, Едуард и мајка му се преселиле до нејзиниот татко Иван Калустович Курдов.[1] На возраст од 8 години Едуард ја создал  неговата прва поема. Се преселил во Москва во 1939 година, учел  во училиштето Број 38 и завршил во 1941 година. Една недела по завршувањето, СССР влегол  во Големата Патриотска Војна. Асадов отишол како волонтер. Како војник тој бил  ловец, а потоа помошник командант на 4 украински фронт. Ноќта  помеѓу 3-4 мај 1944  во одбрана на Севастопол тој бил тешко ранет. По континуирана терапија во многу болници хирурзите не успеале да ги спасат неговите очи, заради тоа до  крајот на својот живот, тој носел црна маска.

Во 1946 година Едуард влегол во Литературниот институт  именуван по Максим Горки, од каде што дипломирал со чест во 1951 година. Во истата година  ја извадил неговата прва колекција на песни кои се нарекуваат „Патот на светлината“.  Потоа, Асадов  станал член на Комунистичката партија на СССР и на Сојузот на Писатели. Тој починал во Одинцово на 21 април 2004 година.[2] Неговиот гроб е во Москва.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди