Едобих (или Едобинк, според Годфроа Курт[1]) бил водач на Франките од почетокот на 5 век, поборник на узурпаторот Константин III. Починал во 410.

Животопис

уреди

На почетокот на 5 век, римската империја била во анархија каде повеќе римски генерали се прогласиле за императори и воделе борби меѓу себе. Оваа ситуација овозможила на повеќе германски народи да освојат територии во имепијата во 406. Константин III, прогласен за император во 407 од војските на Бретања, се обидел да го заштити северот на Галија од германските напади и стапил во сојуз со франкискиот водач Едобих давајќи му ја задачата да ги штити римските провинции Германија и Белгија.[2],[3]. Годфроа Курт исто така споменува и некој Небигаст, кој исто така бил задолжен за истата таа мисија заедно со Едобих, но истиот не е цитиран од страна на други историчари[1].

Константин, малку подоцна бил предаден од неговите генерали, Геронтиј кој станал сојузник на еден друг узурпатор – Максим. Константин тогаш побарал од Едобих да собере војска и да се бори со Геронтиј, но бил нападнат од војската на Констанциј, генералот на царот Хонориј. Едобих бил убиен додека неговата војска се повлекувала. Хонориј тогаш го заземал Арл и го убил Константин III[1].

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Kurth 1896, стр. 113
  2. Kurth 1896, стр. 112-113
  3. Rouche 1996, стр. 105.

Поврзани статии

уреди

Примарни извори

уреди

Библиографија

уреди
  1. Godefroid Kurth, Clovis, le fondateur, Éditions Tallandier, 1896 (réimpr. 2000) (ISBN 2-235-02266-9) .
  2. Michel Rouche, Clovis, Éditions Fayard, 1996 (ISBN 2-213-59632-8)