Небигаст бил хамавски принц од средината на 4 век.

Животопис

уреди

Во текот на годините по немирите во 350 г, убиството на императорот и граѓанските војни довело до повлекување на римските трупи долж германската граница а тоа пак ги поттикнало германските народи, Франки и Алемани да ги зачестат грабежите[1] Хамавите, тогаш веќе составен дел од лигата на Франките испратиле трупа под команда на Небигаст, син на кралот на Хамавите, за да ја опљачка Долна Германија. Но неговата трупа била сопрена од страна на Салиецот Харието кој го заробил Небигаст. Подоцна, цезарот Јулијан преговарал со франкиските кралеви и договорил размена на заробеници, меѓу кои и Небигаст, во замена за тоа Франките да ја напуштат римската територија.[2],[3]

Меѓутоа, Годфроа Курт тврди дека заробен бил кралот на Хамавите, таткото на принцот, кој се викал Небигаст додека пак Кристијан Сетипани вели дека тоа име го носел принцот, односно синот. Можеби едноставно и двајцата го носеле истото име.[4][5]

Некој Небиогаст на почетокот на 5 век

уреди

Според Курт, кога Константин III се прогласил за император во 407, тој преговарал со Франките и на двајца од нив, Едобих и Небиогаст им доверил значајни места во неговата војска и ги задолжил да ја чуваат Рајна. Двајцата франкиски војсководци биле победени и убиени во 410 од Геронтиј, кој се борел на страната на Максим. И други автори го спомнуваат Едобих но само Курт и Франц Стааб зборуваат и за Небиогаст [6],[7]. Хронолошки, овој Небиогаст не може да биде истиот со хамавскиот принц, но веројатно му е некој близок роднина.

Белешки и наводи

уреди
  1. Feffer Périn, 1987, стр. 48-54.
  2. name=Kurth,1896 стр .99-100
  3. Settipani 1996, стр. 27
  4. Kurth
  5. Settipani
  6. Kurth, 1896, p.113.
  7. Staab, 1997, p. 545

колониНебигаст]]

Поврзано

уреди

Првостепени извори

уреди

Второстепени извори

уреди

• Godefroid Kurth, Clovis, le fondateur, Éditions Tallandier, 1896 (réimpr. 2000) (ISBN 2-235-02266-9), p. 99-100.
• Laurence Charlotte Feffer et Patrick Périn, Les Francs (tome 1 - A la conquête de la Gaule), Paris, Armand Collin Editeur, 1987 (ISBN 2-200-37070-6).
• Christian Settipani, « Clovis, un roi sans ancêtre ? », dans Gé-Magazine, no 153, octobre 1996, p. 27 .
• Franz Staab (de), « Les royaumes francs au Ve siècle » dans Clovis - Histoire et Mémoire - Actes du colloque international d'histoire de Reims, vol. 1, Presses Universitaires de la Sorbonne, décembre 1997 (ISBN 2-84050-079-5), p. 541-566 .