Единаесетта кавадаречка македонска ударна бригада

Единаесетта кавадаречка македонска ударна бригада — бригада на НОБ во Македонија. Бригадата била формирана на 3 октомври 1944 година во околината на Кавадарци.[1]

Единаесетта кавадаречка македонска ударна бригада
Активна3 октомрви 1944
ЗемјаМакедонија
Видбригада
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија

Формирање

уреди

Бригадата била формирана на 3 октомври 1944 година. Поедноставното име на бригадата е Кавадаречка македонска ударна бригада, но била формирана со формацискиот број 11 Македонска народноослободителна бригада. Овој назив, или формациски број, бил преземен по укинувањето на 11 Кумановска македонска народноослободителна ударна бригада, која била споена со Третата македонска народноослободителна ударна бригада на 20 септември 1944. Во склопот на оваа бригада влегле борци и од 18 Дополнителна бригада од составот на 41 Македонската народноослободителна дивизија. Бригадата формациски влегувала со составот на 41 Македонска народноослободителна дивизија. [1]

Дејствија

уреди

Кавадаречката ударна бригада влглавно водела акции и дејствија против германските окупациони сили во Повардарието, односно за време на повлекувањето на Германците од Егејска Македонија и Грција. Потегот на дејствија биле Прилеп-Градско и Градско-Кавадарци, а нејзините најзначајни борби од тој регион се борбите кај село Дреново и село Грбавец.[1]

Покрај тоа, бригадата учествувала и во акциите за ослободување на Неготино, а на 29 октомври и акциите за ослободување на Прилеп. Нејзините главни задачи биле затворање на преминот Плетвар. Градско бил ослободен на 8 ноември 1944. Од 15 до 18 ноември 1944, бригадата учествувала и при ослободувањето на Кичево и Гостивар. [1]

Во декември 1944 година се одвиле реорганизациските реформи и така 11 кавадаречка македонска народноослободителна ударна бригада, од Зајас се преселила во Охрид, и била припоена со 49 Македонска народноослободителна дивизија.[1]


Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​117-118

Поврзано

уреди