Едерлези
"Едерлези" е популарна традиционална народна песна на Ромското малцинство на Балканот.
Песната го добила името по Пролетниот фестивал, со кој се слави враќањето на пролетта, а особено го слават Ромите на Балканот, во Турција и на други места ширум светот. Едерлзи е ромско име за бугарскиот, македонскиот и српскиот празник Ѓурѓовден. Се празнува на 6 мај по стар стил или 23 април по нов стил (или приближно 40 дена по пролетната рамноденица). Различните изговори на поимот (Herdeljez, Erdelezi) се варијанти на турското Hıdırellez, празник кој означува почеток на пролетта.
Верзии
уредиПесната се наоѓа на албумот на Бијело дугме од 1988 година, Чирибирибела со наслов „Ѓурѓовден“ (Đurđevdan). Горан Бреговиќ, ги напишал стиховите на српско-хрватски. [1] Подоцна изјавил дека намерно додал два стиха на албански.[2] Исто така, во 1991 година Бреговиќ ја снимил оваа песна и со текст на грчки јазик, со наслов „На Свети Ѓорѓи“ (Του Αη Γιώργη), која ја пее грчкиот пејач Алкистис Протопсалти.[3] Стиховите на грчки јазик се на Лина Николакопулу. Исто така, во соработка со полската пејачка Каја, истата песна ја снимил во препев на полски јазик, со наслов Тука си“ (Nie ma, nie ma ciebie).
Бугарската музичка група Ку-ку бенд, со пејачот Слави Трифонов, ја издаде оваа песна на неколку албуми со стихови на бугарски јазик (Гергьовден), со стихови на српски и бугарски јазик (Свети Георги), и со стихови на ромски, српски и бугарски јазик (Erdelezi). Уште неколку познати музички имиња во светот ја изведуваат оваа песна, меѓу кои: американската група Бејрут, италијанскиот саксофонист Даниеле Сепе, група од Бостон (Bury Me Standing), како и турскиот пејач Сезен Аксу. Босанската верзија ја има и на албумот од 2007 на групата Забрањено пушење.
Стихови
уредиLyrics in ромски | македонски превод | текстот на Бијело дугме | |
---|---|---|---|
Sa me amala oro khelena Sa o Roma babo, e bakren chinen E devado babo, amenge bakro |
Сите мои пријатели играат оро Сите Роми, тато, колат јаниња Дадоа јагне за нас, тато |
Proljeće na moje rame slijeće Drumovi odoše a ja osta Ej kome sada moja draga Evo zore evo zore Njeno ime neka se spominje |
Стиховите на грчки јазик | Стиховите на бугарски јазик | |
---|---|---|
Απ' τους ώμους να, η Άνοιξη περνά, Του ουρανού πουλιά πάρτε με αγκαλιά Το όνομα του ανθός, ευωδιάς βυθός, |
Пролетта на рамото ми кацна, Припев: Други пътища ще ни повикат, Припев: (х3) |
Стиховите на турски јазик | Стиховите на полски јазик | |
---|---|---|
Bahar oldu aman Dağ yeşil, dallar yeşil Kokuyor buram buram Ağlama hıdrellez Ne yolu var ne izi Sevdiğim yok, eşim yok |
Zima na ramiona moje spadła Ogień tańczyć zaczął już w kominie Śnieg zasypał dzisiaj wszystkie drogi Hej moje góry i doliny Hej moje góry i doliny |
Наводи
уреди- ↑ Janjatović 2007, стр. 35.
- ↑ „GORAN BREGOVIĆ Volim ovu užasnu zemlju“. Печат - Лист слободне Србије. Посетено на 14 January 2016.
- ↑ „Alkistis Protopsalti ΑΗ ΓΙΩΡΓΗ - ΑΛΚΗΣΤΙΣ ΠΡΩΤΟΨΑΛΤΗ (EDERLEZI)“. YouTube. Посетено на 14 January 2016.