Егрикаш-ефенди џамија
Егрикаш-ефенди џамија или Ајше Хатун џамија (Eğrikaş Efendi Cami, Ayşe Hatun Cami) – поранешен муслимански храм во Битола.[1]
Ајше Хатун џамија | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Битола, Општина Битола |
Припадност | сунитски ислам |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиска архитектура |
Завршен | XVI – XVII век |
Местоположба
уредиЏамијата се наоѓала во источниот дел на горниот Дрвен пазар, во близина на дервишкиот гроб на Тез Верен Баба и Јени амам.[1]
Историја
уредиХрамот бил изграден во XVI – XVII век. Старото име на џамијата било Егрикаш-ефенди, што во превод значи „Господин со крива веѓа“, веројатно поврзано со основачот. Второто име на џамијата е Ајше Хатун според жената која ја реновирала и на џамијата ѝ ги дарила приходите од еден дуќан. Џамијата е регистрирана во катастарските документи од 1203 од хиџра (1788 н.е.).[1]
Архитектура
уредиЏамијата била пример за провинциска архитектура, мал квадратен простор,[2] покриен со покрив со теракотни ќерамиди.[1] Фасадата била изработена од камен и тули. Џамијата имала особено високо многуаголно камено минаре со шерефе и конусен кров, покриен со олово. Обликот на минарето и шерефето биле карактеристични за бројни градби од доцниот шеснаесетти и седумнаесетти век. Слични градби имало во Битола, особено Коџа-кади џамија.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Mihajlovski, Robert (2012). „The Seventeenth Century Ottoman Religious Architecture of Bitola/Manastir“ (PDF). Патримониум. V (10): 295. Посетено на 19 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 Mihajlovski, Robert (2012). „The Seventeenth Century Ottoman Religious Architecture of Bitola/Manastir“ (PDF). Патримониум. V (10): 296. Посетено на 19 април 2021.