Јени амам (Битола)

Јени амам — турска бања која се наоѓа на десната страна на реката Драгор во Битола. За бањата како и за другите објекти од профаната исламска архитектура, изградени со доаѓањето на Турците,[1] не постојат податоци од историски извори или какви било други пишани документи, или натписи на самиот објект.

Јени амам
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Битола" does not exist
Општи податоци
Видамам
Стилосманлиска архитектура
ГрадБитола, Општина Битола
ЗемјаМакедонија
Координати41°1′54″N 21°20′5″E / 41.03167° СГШ; 21.33472° ИГД / 41.03167; 21.33472
Почната17 век
Урната20 век

Изградба

уреди

Се претпоставува дека Јени амам бил изграден во 17 век или во почетокот на XVIII век, тогаш кога Битола била во економски расцут. Како последица на Австриско-турските војни од крајот на 17 век, кога економската моќ на Битола и на другите градови започнала да се намалува, најверојатно кон крајот на XVIII век дошло до напуштање на некои објекти од јавната управа. Не е исклучено дека таква судбина го снашла и Јени амам.

Денес дел од зградата е наполно урнат, како и внатрешните уреди за загревање.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Споменици на културата на Македонија, Мисла, Скопје, 1980

Надворешни врски

уреди