Евстати Аврамов Чаловски — македонски револуционер, деец на ВMOPO.

Евстати Чаловски
Роден 1885
Галичник, Македонија
Починал 4 август 1943
Софија, Бугарија

Животопис

уреди

Евстати Чаловски е роден 1885 година, во мијачката паланка Галичник, Западна Македонија. Син е на Аврам Чаловски, производител на Кондиторски производи и еден од најуспешните и најпознати македонски индустријалци во Бугарија во 19. век.

Родот Чаловски и ден денешен има впечатлива улога во македонскиот општествен живот: македонскиот поет Тодор Чаловски, Лилјана Чаловска – писателка, учесничка во НОБ и член на АСНОМ, Јане Чаловски – ликовен уметник и други…

Револуционерната дејност на Евстати започнува кога тој влегува во четата на Максим Ненов, но, откако истата е разбиена на 29 мај 1903 година пребегнува во Бугарија и влегува во врховистичката чета на Сотир Атанасов, со којашто учествува во Илинденското востание во 1903 година., која по неколку битки со турскиот аскер, се распрснува на повеќе страни. Тогаш Евстати Чаловски станува четник при Мише Развигоров.

Пролетта 1904 година влегува одново во Македонија со дебарско-охридските чети на Цветко Христов и Иван Пендаровски, а потоа е четник во реканската чета на Павел Караасанов. Подоцна се населува во Бугарија и се занимава со трговија.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година се пријавува како доброволец во Македоно-одринското ополчение, заедно со неговиот брат Манол, во Првата дебарска дружина. Во Втората балканска војна е ранет двапати, на 18., и веднаш потоа - на 20 јуни 1913 година. Носител е на орден „За храброст“ ІV степен.[1]

Објавува и кратки спомени во списанието „Илустрација Илинден“ во 1939 година.[2]

Умира на 4 август 1943 година во Софија[3].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главна управа на архивите, 2006, стр. 795.
  2. Илустрација Илинден, бр.109, стр. 3-5
  3. Илустрација Илинден, 1943, бр. 149, стр. 14