Европски нилски коњ

Европски нилски коњ
Период: Плеистоцен
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Artiodactyla
Семејство: Hippopotamidae
Род: Hippopotamus
Научен назив
Hippopotamus antiquus
Desmarest 1822[1]

Европски нилски коњ (научHippopotamus antiquus) — изумрен вид на нилски коњ кој живеел на територијата на Европа. Овој вид изумрел кратко пред последнето ледено време кон крајот на плеистоценот. Европскиот нилски коњ бил распространет од Пиринејскиот Полуостров до реката Рајна и од британските острови до Грција[2].

Европскиот нилски коњ е сличен по големина со Hippopotamus gorgops, но е многу поголем од денешниот нилски коњ (Hippopotamus amphibius). Овој вид се смета дека за првпат се појавил пред 1,8 милиони години (споредено до 2 милиони години за H. amphibius). Од средината на плеистоценот, обичниот нилски коњ исто така живеел во Европа, но не се поистоветува со европскиот вид[3].

Критскиот џуџест нилски коњ (H. creutzburgi) се верува дека потекнува од Европскиот нилски коњ преку процесот на „островска еволуција“ на островот Крит.

Наводи

уреди
  1. · Desmarest, A.G., 1822. Mammalogie ou description des espèces de mammifères. Mme Veuve Agasse imprimeur édit., Paris, 2ème part., стр.277-555.
  2. "150 Years of Neanderthal Discoveries; Early Europeans - Continuity & Discontinuity," ed. von Koenigswald, Wighart and Thomas Litt, TERRA NOSTRA 2006/2 University of Bonn, in PDF Архивирано на 25 февруари 2007 г.
  3. (англиски) Petronio, C. (1995): Note on the taxonomy of Pleistocene hippopotamuses. Ibex 3: 53-55. PDF fulltext Архивирано на 12 септември 2008 г.