Hippopotamus gorgops
Hippopotamus gorgops Период: доцен миоцен до среден плеистоцен | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Artiodactyla |
Семејство: | Hippopotamidae |
Род: | Hippopotamus |
Научен назив | |
†Hippopotamus gorgops Dietrich, 1928 |
Hippopotamus gorgops е изумрен вид на нилски коњ од семејството Hippopotamidae. Најпрво се појавил во Африка кој крајот на миоценот, а потоа за време на плеистоценот мигрирал кон Европа. Фосили од овој вид за првпат се пронајдени на европскиот континент. Се смета дека изумрел пред почетокот на последното ледено доба.
Со должина од 4,30 метри и висина до рамениците од 2,10 метри, H. gorgops бил многу поголем од неговиот преживен роднина, обичниот нилски коњ (H. amphibius). Освен по големината, овој нилски коњ се разликува од денешниот и по очите. Кај денешниот нилски коњ очите се сместени високо на черепот, додека кај H. gorgops очите биле поиздигнати од главата што им овозможувало уште поголема прегледност на околината додека се наоѓале речиси целосно под вода.
Наводи
уреди- (англиски) Petronio, C. (1995): Note on the taxonomy of Pleistocene hippopotamuses. Ibex 3: 53-55. PDF fulltext Архивирано на 12 септември 2008 г.
„Hippopotamus gorgops“ на Ризницата ? |