Стоболка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Глодачи
Семејство: Верверици
Род: Стоболки
Вид: S. citellus
Научен назив
Spermophilus citellus
(Linnaeus, 1766)
Ареал

Стоболка или европска стоболка (науч. Spermophilus citellus) — вид животно од семејството на вервериците. Заедно со дамчестата стоболка (Spermophilus suslicus) се единствени претставници на родот Стоболки (Spermophilus) во Европа.

Опис Уреди

Стоболката расте до должина од 20 см и тежи помеѓу 200 и 400 грама. Таа е дневно животно и живее во колонии од поединечни дувла на пасишта и тревнати косини. Денски излегува за да храни, и тоа претежно со семиња, фиданки, корења и наземни безрбетници. Секоја колонија има стоболка што чува стража и им дава звучен сигнал на останатите кога наодаѓа некоја опасност.

Стоболката спие зимски сон помеѓу есента и месец март, зависно од климата. За презимувањето се подготвува со таложење на кафеава маст во подоцнежниот дел на летото.

Во раниот дел од летото стоболката раѓа 5-8 младенчиња.

 
Стоболка на марка на Македонски пошти по повод 50 години од основањето на Светскиот фонд за дива природа (WWF) (ФДЦ 19б/2011)

Распределба Уреди

Стоболката е присутна ширум источна европа, од јужна Украина до Мала Азија, Австрија, Чешка, Романија, Бугарија, Република Македонија, Егејска Македонија и на север до Полска.

Во Република Македонија Уреди

Во Република Македонија е застапен подвидот македонска стоболка (Spermophillus citellus karamani) која е строго заштитена со целосна забрана за лов.[2] Препариран примерок на стоболка е изложен во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје.[3] Се смета дека името го добила поради нејзините разновидни лековити својства во народната медицина (фиг. дека лечи „сто болести“).

Наводи Уреди

  1. Стоболка (Spermophilus citellus). IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 8 јануари 2009.
  2. „Ловостој - Член 12“ (PDF). Закон за ловство на РМ. Службен весник на РМ. 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-16. Посетено на 8 јануари 2012.
  3. Постојани изложби - Цицачи Архивирано на 15 март 2013 г. - Природонаучен музеј на Македонија