Еволуција на парите

Вовед

уреди

Пари се насекаде околу нас во секојдневието. Замислете еден ден во вашиот живот како би поминал без пари, а при тоа да ги извршите сите секојдневни функции. Токму нивната преголема употреба и функција која тие ја вршат се резултат на нивната еволуција. Во минатото тие не биле во оваа форма како што се јавуваат денес, тие не биле ниту книжни, а сепак ја задржаче функицијата за олеснување при размена. Нивното значење е важно за трговија, а оттука и за надворешната трговија, токму поради фактот дека со нивната појава почнува она што се нарекува трговија во вистинска смисла на зборот. Парите како медиум на размена ја олесниле истата, но покрај позитивните страни треба да се земат предвид и некои негативни последици.

Бартер размена

уреди

Бартер размената е доброволна размена на добро за добро или добро за услуги. Поделбата на трудот е токму онаа која што ја услови размената,а токму размената е оној никулец во трговијата, која пак бара поголема специјализација што ќе ја зголеми и потикне продуктивноста на трудот. Секоја национална економија со вклуќувањето во размената со други држави, си обезбедува поефикасно искористување на своите ресурси, со акцент на оние производства каде што таа има предност пред своите соседи.

Парарелното важење на златото и среброто во размената

уреди

Сосема е сигурно дека злато е еден од првите метали што човекот ги нашол во природата како таков. Тој се наоѓа во слободна форма, непромешана со други метали и карпи. Некои од најстарите податоци се стари над 5000 години. Постојат и извори дека стара Асирија го ограбувала златото на своите непријатели и соседи и го носела со себе. Стара Грција и Рим го наоѓале златото со помош на робовите кои работеле во рудниците деноноќно за да ги исполнат ѓелбите и потребите на своите господари. Во средниот век луѓето толку жедосувале по златото што на различни начини со помош на хемиски формули се обидувале различни метали да претворат во злато, но секако не со многу резултат. Подоцна е општо познато за подвигот на кралството на Шпанија нејзините походи кон надворешниот свет по потрага за злато. Зошто златото е толку скапоцено? Бидејќи е во ограничени количини и е тешко за обработка и наоѓање. А сè што е уникатно и во ограничени количини претставува престиж на секоја личност да го поседува крај себе. Токму поради и тој фактор се изработуваат и сефови каде што „навидум“ мислиме дека нашето богатство е сигурно.

Валута

уреди

Валутата има латинско потекло. Тој означува парично важење, односно официјален паричен стандард на една земја.Таа ја претставува паричната единица на една земја, односно тоа се делотворните пари и парични знаци што циркулираат во оптек во дадена национална економија. Секоја земја го определува името и вредноста на сопствената валута, како основа на сопствениот монетарен систем со посебен закон. Можно е националните валути од различни земји да носат исто име, а да се разликуваат по сите внатрешни и надворешни обележја. Таков случај е со Денарот,Фунтата,Круната,Доларот и други.

 

Видови Валути

уреди

Според способноста да се менуваат едни во други валутите се делат на: Конвертибилни валути, Неконвертибилни валути, Пресметковни валути и Трансфербилни валути

Кредитни картички

уреди

Кредитните картички денес ги покриваат над 90% од електронските трансакции, од кои над 50% и припаѓаат на VISA INTERNATIONAL која е и всушност првата која се појавила на пазар.Банките како главни играчи во бизнисот за позајмување на пари ја увиделе можноста за голем профит преку наплатување на камата. Токму во 1950 година е почетокот на кредитните картички кои имаат најголема сличност со денешните, кои во тоа време се користеле само за купување производи во супермаркети. [[Податотека:http://lib.store.yahoo.net/lib/yhst-56150476644086/viza-wedding-favors.gif Архивирано на 8 февруари 2011 г.]]

Наводи

уреди

Надворешни Врски

уреди