Евдокија Бершанскаја
Евдокија Бершанскаја (руски: Евдоки́я Берша́нская; Доброволно, Ставропол, 6 февруари 1913 – 16 септември 1982 во Москва) беше командант на 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк за време на Втората светска војна и станува единствената жена што некогаш го добива Орденот на Суворов.[1] Под нејзина команда, 23 пилоти од полкот стануваат Херои на Советскиот Сојуз поради нивните успешни бомбашки мисии против силите на Оската.[2]
Евдокија Давидовна Бершанскаја Евдоки́я Давы́довна Берша́нская | |
---|---|
Родено име | Евдокија Давидовна Карбут |
Починал | 16 септември 1982 (69 години) Москва, СССР |
Држава | СССР |
Род | Советски воздухопловни сили |
Чин | Потполковник |
Единица | 588. Ноќен бомбашки полк (подоцна преименуван во 46. Гарда на ноќен бомбашки полк) |
Битки/војни | Втора светска војна |
Одликувања | Орден на Суворов Трета класа |
Ран живот
уредиБершанскаја е родена на 6 февруари 1913 година во Доброволно, во некогашната Руска Империја. Откако нејзините родители умираат во Руската граѓанска војна, неа ја одгледува нејзиниот вујко. По завршувањето на средното училиште во Благодарни, таа се запишува на училиштето за пилоти Батаиск во 1931, каде по дипломирањето обучува други пилоти од 1932 до 1939, пред да ја назначат за командант на 218-та Воздухопловна скадрила за специјални операции, а станува и заменик претседател на краснодарскиот градски совет. Пред германската инвазија на Советскиот Сојуз, Евдокија се мажи со Петр Бершански со кого има син, но нивниот брак брзо се распаѓа. Таа продолжува да го носи презимето Бершанскаја сѐ до нејзиниот втор брак со Константин Бочаров по завршувањето на војната.[3]
Втора светска војна
уредиВо 1941, Марина Раскова добива дозвола од Сталин да формира три женски воздухопловни полкови: 586-от Борбен воздухопловен полк, 587-от Бомбашки воздухопловен полк и 588-от Ноќен бомбашки полк. Како пилот со десет години искуство, Бершенскаја е избрана да го води 588-от Ноќен бомбашки полк, кој лета со Поликарпов По-2 авионите двокрилци.[4] Во 1943, полкот е означен како гарда и е признат под името 46-та Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк. Подоцна го добива Орденот на Црвеното Знаме. Жените пилоти се толку жестоки и точни, што германските војници почнуваат да ги нарекуваат Ноќни вештерки.[5] Ги нарекуваат вака бидејќи често во текот на мисиите ги исклучувале моторите и се „лизгале“ над нивните мети пред да ја исфрлат бомбата и повторно да го пуштат моторот.[6] Сѐ до нивното распуштање во октомври 1945, во составот на полкот остануваат само жени.[4][6] Заедно, имаат прелетано преку 230000 летови и исфрлено преку 3000 тони бомби на непријателските сили.[1][2][4]
Покрај 23. членови на полкот што ја добиваат титулата Херој на Советскиот Сојуз, две исто така се прогласени за Херои на Русија, додека една за Херој на Казахстан.[7]
Headstone |
Подоцнежен живот
уредиПо војната Евдокија се мажи со Константин Бочаров, командант на 889-от Лесен ноќен бомбашки полк, кој за време на војната соработува со 46-та Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, кога и се запознаваат. На свадбата присуствуваат многу членови на нивните полкови. Заедно имаат три ќерки. Во 1975 станува Почесен граѓанин на Краснодар. Живее во Москва, каде и умира од срцев удар во 1982. Закопана е на Новодевичкиските гробишта.[8]
Награди и почести
уреди- Орден на Црвеното Знаме (двапати)
- Орден на Суворов Трета класа
- Орден на Александар Невски
- Орден на Патриотската Војна Втора класа
- Орден на Честа
- јубилејни медали
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Бершанская Евдокия Давыдовна - Орден Суворова III степени“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-03-21.
- ↑ 2,0 2,1 Маслов, Михаил (2017-09-05). Прославленный По-2. «Небесный тихоход», «кофемолка», «чокнутый будильник» (руски). Litres. стр. 98–104. ISBN 9785040214082.
- ↑ „Бершанская (Бочарова) Евдокия Давыдовна - советский военный летчик - Красные соколы: русские авиаторы летчики-асы 1914-1953“. airaces.narod.ru. Посетено на 2018-04-26.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Linda Delaine (2000). „Women Combat Aviators of the Patriotic War“. Russian Life. Архивирано од изворникот на 2012-07-22. Посетено на 2019-01-07.
- ↑ Streather, Adrian (2010). Red & Soviet military & paramilitary services: Female Uniforms 1941-1991. England: Veloce Publishing Limited. стр. 28. ISBN 1845840674.
- ↑ 6,0 6,1 Bellamy, Chris (2010). Absolute War: Soviet Russia in the Second World War. Great Britain: Vintage Books. стр. 488. ISBN 0375724710.
- ↑ „Герои Советского Союза и России“. tamanskipolk46.narod.ru. Посетено на 2018-04-26.
- ↑ „В бой идет "Дунькин полк"“. Известия (руски). 2008-05-07. Посетено на 2018-04-26.