ЕПОИ „Алфа“
Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“, скратено ЕПОИ „Алфа“ е посебна интервентна полициска единица во рамките на Секторот за внатрешни работи - Скопје која се бори во главно против уличниот криминал. Создадена е во 2005 година, работејќи под надлежност на министерството, но од 2025 година добива нов статус и работи само во Скопје.[1] И покрај статистиките на МВР дека нејзините активности влијаат позитивно на намалување на криминалот, таа често е осудувана за полициска бруталност.[2] Единицата има изгубено само еден свој припадник—39-годишниот Африм Арифи кој загина во 2008 година по напад врз патрола на единицата кај Природно-математичкиот факултет, додека вршел редовни полициски активности.[3]
Во јуни 2011 година се одржале протести поради убиство на 23-годишно момче наводно од припадник на единицата. Демонстрантите извикувале „Алфи-убијци“ и барале расфромирање на единицата.[4] Во случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство меѓу осомничените се петмина припадници на единицата и Ивица Антевски, поранешен командир на истата, за апсењето на Љубе Бошкоски по парламентарните избори во 2011 година. Бошкоски го оценил неговото апсење и однесувањето на припадниците како „политички реваншизам“[5] Tековен командант на единицата е Примислав Димовски, кој се враќа на функцијата во 2016 година откако Антевски е симнат од истата поради истрагата на СЈО.[6]
Наводи
уреди- ↑ „Нов статус за единицата Алфа“. Весник. 20 јануари 2014. Посетено на 29 ноември 2018.[мртва врска]
- ↑ „Министерството пак, соопштува за ефикасност на единицата“. Радио Слободна Европа. 24 октомври 2005. Посетено на 29 ноември 2018.
- ↑ „Еден загинат, двајца повредени полицајци во денешниот напад“. Нетпрес. 26 ноември 2008. Посетено на 29 ноември 2018.
- ↑ „Демонстрации против полициската бруталност“. Радио Слободна Европа. 7 јуни 2011. Посетено на 29 ноември 2018.
- ↑ „Бошкоски во „Тортура": „Алфите ме легнаа на земја и ме газеа"“. Радио Слободна Европа. 3 септември 2018. Посетено на 29 ноември 2018.
- ↑ „Спасовски именува 11 нови раководители во МВР“. Радио Слободна Европа. 29 септември 2016. Посетено на 29 ноември 2018.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |