Душан Хаџи (Љубљана, 26 август 1921 - Љубљана, 24 септември 2019 ) – универзитетски професор, хемичар.[1]

Душан Хаџи
Dušan Hadži
Роден 26 август 1921
Љубљана
Починал 24 септември 2019
Љубљана
Националност Словенец
Занимање универзитетски професор

Животопис

уреди

Хаџи дипломирал во Љубљана хемија со физика во 1944 година. Во 1953 година станал доцент по физичка органска хемија на Одделот за хемија на Универзитетот во Љубљана, а редовен професор по Структурна хемија станал во 1962 година. Со негова помош во Скопје бил набавен првиот инфрацрвен спектрофотометар, со што во Македонија била започната успешната активност на полето на молекулската спектроскопија. Хаџи бил еден од најпознатите светски истражувачи на проблемите во врска со водородното сврзување, а извонредни придонеси имал и во квантната фармакологија и истражувањата на биолошки важни системи. Бил пионер во Југославија на примената на компјутерите во хемијата. Во 1967 година бил избран за член на Словенечката академија на науките и уметностите, во 1975 надворешен член на Српската академија на науките и уметностите, во 1977 на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб и на Индиската национална академија на науките во 1979 година. Во 1982 година станал почесен доктор на науките на Универзитетот во Упсала. Бил научен советник на фабриката „Лек“ (1981). Во 1998 година станал почесен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во 2006 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав.

Бил прогласен за почесен претседател на Словенечкото хемиско друштво, а добил и многу високи награди и признанија.[1]

Творештво

уреди

Бил автор на четири монографии, шест поглавја во монографии, како и на над 280 научни трудови.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1575. ISBN 978-608-203-024-1.